Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/14, 154/15, 30/16 и 53/16), Правилникот за постапката и поблиските критериуми за финансирање и надзор на годишните програми за научно-истражувачката дејност на субјектите на научноистражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/09, 149/09, 25/11 и 123/13) Министерството за образование и наука на Република Македонија, распишува

ЈАВЕН ОГЛАС (ТРЕТ ПАТ)
за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат пријавените проекти по објавениот Конкурс за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Словенија

Министерството за образование и наука на Република Македонија, од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат предложените проекти по Конкурсот за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Словенија кои ќе се финансираат во периодот 2017-2018 година.
Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и научно подрачје на истражување.
Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување

-Техничко-технолошки науки, (рударство, геологија, минерологија, геохемија и сообраќајно инженерство).
- Oпштествени науки (економија, менаџмент)

Избраните рецензенти, пријавените билатерални проекти ќе ги оценуваат врз основа на следните критериуми:
- придонес во продлабочувањето и проширувањето на научните знаења;
- оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;
- компетентност на главниот истражувач;
- компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;
- придонесот во оспособувањето на млади истражувачи;
- релевантноста на проектот на целите на истражувањето;
- конкурентноста за меѓународна соработка;
- остварливоста на предлог проектот (финансиска конструкција), можности за примена на резултатите.

Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).

Пријавата за рецензент како составен дел на овој Конкурс, можете да ја најдете на следниот линк,

Пријавата за рецензент, уредно пополнета се доставува во Министерството за образование и наука, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 10. 11. 2016 година.

Пријавите што се некомплетни или ненавремено доставени, нема да бидат разгледувани.