Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/14, 154/15, 30/16 и 53/16), Правилникот за постапката и поблиските критериуми за финансирање и надзор на годишните програми за научно-истражувачката дејност на субјектите на научноистражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/09, 149/09, 25/11 и 123/13) Министерството за образование и наука на Република Македонија, распишува

ПОВТОРЕН ЈАВЕН ОГЛАС за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат
пријавените проекти по објавениот Конкурс за кофинансирање на билатерални проекти меѓу
Република Македонија и Република Словенија

Министерството за образование и наука на Република Македонија, од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат предложените проекти по Конкурсот за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Словенија кои ќе се финансираат во периодот 2017-2018 година.

Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и научно подрачје на истражување.

Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување
- Природно математички науки, (биологија, ботаника, информатика, хемија, структурна хемија, физика, животна средина)
- Медицински науки и здравство, (микробиологија, биотехнологија, генетика, судска медицина, медицинска технологија, фармација );
- Техничко-технолошки науки, (компјутерска техника и информатика, земјотресно инженерство, градежништво, индустриско инженерство и менаџмент, контрола на квалитет, електротехника, електроенергетика, рударство, геологија, материјали, текстилна технологија);
- Земјоделски науки, (ветеринарна медицина, биотехнологија, прехрамбена технологија, растително производство, генетика и селекција на растителното производство);
- Општествени науки, (кинезиологија, туризам и културно наследство, организациони науки и управување, бизнис менаџмент, право, човекови права, кривично право, меѓународно право, економика на образование, криминологија, логистика економија, сметководство);
- Хуманистички науки, (историја на уметноста, антропологија и етногенеза, драма, опера, балет, јазик и книжевност).

Избраните рецензенти, пријавените билатерални проекти ќе ги оценуваат врз основа на следните критериуми:
- придонес во продлабочувањето и проширувањето на научните знаења;
- оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;
- компетентност на главниот истражувач;
- компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;
- придонесот во оспособувањето на млади истражувачи;
- релевантноста на проектот на целите на истражувањето;
- конкурентноста за меѓународна соработка;
- остварливоста на предлог проектот (финансиска конструкција), можности за примена на резултатите.

Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).

Пријавата за рецензент како составен дел на овој Конкурс, можете да ја најдете на следниот линк,

Пријавата за рецензент, уредно пополнета се доставува во Министерството за образование и наука, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 14. 10. 2016 година.

Пријавите што се некомплетни или ненавремено доставени, нема да бидат разгледувани.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook