Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11) и Решение за ангажирање на најмногу 127 ментори/тутори од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за средношколци Роми бр. 23 - 13565/1 од 27.09.2016 година, Министерството за образование и наука, распишува


КОНКУРС
за избор на ментори/тутори на ученици Роми од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија добитници на стипендија од Министерството за образование и наука за учебната 2016/17 година


Министерството за образование и наука со финансиска поддршка од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта за учебната 2016/2017 година ќе додели 670 (шестотини седумдесет) стипендии за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, во пет категории. Преку овој проект Министерството за образование и наука/Управата за развој и унапредување на образованието на припадниците на заедниците ќе обезбеди и дополнителна поддршка за ученици Роми преку менторство/туторство.

I. УСЛОВИ ЗА ИЗБОР НА МЕНТОРИ/ТУТОРИ

Право да аплицираат на Конкурсот имаат наставници од сите јавни и приватни средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните конкурсни услови:

1. да се во работен однос како предметни наставници во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија;
2. да се државјани на Република Македонија;
3. предност при селекција ќе имаат оние кандидати кои претходно биле ангажирани како ментори/тутори во рамките на проектот „Стипендирање и менторство/туторство на средношколци Роми“.

Дополнителен критериум за кандидатите при изборот ќе се земе во предвид соработката на кандидатот како ментор/тутор со средношколците и со проектниот тим (навремено доставување на извештаи, евидентни листови, свидетелства, и поддршката во текот на имплементацијата на проектните активности) одговорен за имплементација на проектот во рамки на Управата, квалитетот на доставените извештаи како и придонесот во подобрувањето на успехот на учениците Роми во текот на учебната година во кој бил вклучен.

II. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Кандидатите кои се пријавуваат согласно Конкурсот, потребно е до Министерството за образование и наука/Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заеднците, ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, најдоцна до 17.10.2016 година да ги достават следните документи:


1. Пополнета оригинал пријава (не копија) за ментори/тутори на средношколци Роми (линк до докуентот);
2. Академска биографија (CV);
3. Писмо за мотивација (кандидатите на максимум две страници треба да ги образложат своите причини/мотиви за пријавување за ментор/тутор);
4. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија;
5. Оригинал потврда за работен однос како предметен наставник;
6. Копија од трансакциска сметка.

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.


III. ВИСИНА НА ХОНОРАР ЗА МЕНТОРИ/ТУТОРИ НА УЧЕНИЦИ РОМИ

Висината на хонорарот за менторскиот/туторскиот ангажман месечно ќе изнесува најмногу 3.000,00 денари бруто износ.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook