Врз основа на член 34 – б од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16) Министерството за образование и наука објавува:

Ј А В Е Н  П О В И К
за доделување на парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за натпреварот од основното образование


1. Услов за учество:

На Јавниот повик за доделување на парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки може да се пријават ученици – државјани на Република Македонија, заедно со наставникот- државјанин на Република Македонија, кој ги подготвувал за натпреварот, кои освоиле прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, во учебната 2016/2017 година. Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави. (натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни земји и притоа се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различните држави и се рангираат нивните постигнувања)

2. Начин и рок на пријавување:

Ученикот, заедно со наставникот кој ги подготвувал за натпреварот, треба да достави Барање кон кое ги доставува и следните документи: (симни Барање) потврда дека е редовен ученик, потврда за наставникот дека е вработен во училиштето, фотокопија од диплома за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, трансакциска сметка на ученикот и на наставникот. Воедно, потребно е да се достави и доказ со кој ќе се потврди дека натпреварот е меѓународен од областа на математиката и природните науки на кој учествувале ученици од најмалку десет различни држави. Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на ученикот, и изјава потпишана од наставникот со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка. Изјавите може да ги симнете на следниве линкови:

Изјава за наставник од основно образование

Изјава за ученик од основно образование

Повикот е отворен и пријавите може да се доставуваат секој работен ден до Министерството за образование и наука на следната адреса: ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „За Јавен повик за доделување на парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки“, најдоцна до 31.08.2017 година.

3. Доделување на награди:

Министерството за образование и наука ќе додели, поединечно, парична награда во износ од 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Република Македонија во последниот месец пред доделувањето за освоено прво место, 40% за освоено второ место и 30% за освоено трето место.

4. Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат од страна на Министерството за образование и наука

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook