Врз основа на член 10-в, 34 став 6, 125, 125-a, 131, 134 и 148 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/08, 103/08, 26/09, 83/09, 99/09, 115/10, 17/11, 51/11, 123/12, 15/13, 24/13, 41/14, 116/14, 130/14, 10/15, 20/15, 98/15, 145/15, 154/15, 30/16 и 127/16), член 5 од Закон за основање на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје („Службен весник на Република Македонија“ бр. 226/15), член 3 став 1 и 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14 и 27/16), член 22 став 3 и 4 и член 23 од Законот за работните односи на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 134/16) и Решението бр. 42-4309/1 од 18 мај 2016 година на Владата на Република Македонија за именување на претседател и членови на Матична комисија за вршење на подготовките за почеток со работа на Факултет за градежништво и архитектура во состав на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, објавува:

К О Н К У Р С
за избор на наставници во сите наставно-научни звања и соработници (асистенти - докторанти) на Факултетот за градежништво и архитектура во состав на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

A. Се објавува Конкурс за избор на наставници во сите наставно-научни звања и соработници (асистенти – докторанти) на Факултетот за градежништво и архитектура во состав на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Студијска програма: АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

1. Еден наставник од наставно - научна област АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ И ДИЗАЈН (20100 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
2.Еден наставник од наставно - научна област УРБАНО И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ И ПРОЕКТИРАЊЕ (20114 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
3. Еден наставник од наставно - научна област МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРОЕКТИРАЊЕ (20104 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
4. Еден соработник во наставно - научна област АРХИТЕКТОНСКО ПРОЈЕКТИРАЊЕ И ДИЗАЈН (20100 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
5. Еден соработник во наставно – научна област УРБАНО И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ И ПРОЕКТИРАЊЕ (20114 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
6. Еден соработник во наставно – научна област МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРОЕКТИРАЊЕ (20104 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација).

Студијска програма: ГРАДЕЖНИШТВО - КОНСТРУКТИВНА
1. Еден наставник од наставно - научна област ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ (20700 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
2.Еден наставник од наставно - научна област ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ ВО НИСКА И ВИСОКО ГРАДБАТА (20702 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
3. Еден наставник од наставно - научна област ТЕОРИЈА НА КОНСТРУКЦИИ (20706 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
4 Еден соработник во наставно - научна област ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ (20700 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
5 Еден соработник во наставно - научна област ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ ВО НИСКА И ВИСОКО ГРАДБАТА (20702 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
6. Еден соработник во наставно - научна област ТЕОРИЈА НА КОНСТРУКЦИИ (20706 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација).

Студијска програма: ГЕОДЕЗИЈА И ГЕОИНФОРМАТИКА
1. Еден наставник од наставно - научна област НИЖА ГЕОДЕЗИЈА (20600 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
2.Еден наставник од наставно - научна област КАРТОГРАФИЈА (20606 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
3. Еден наставник од наставно - научна област ПРИМЕНЕТА ГЕОДЕЗИЈА (20602 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
4 Еден соработник во наставно - научна област НИЖА ГЕОДЕЗИЈА (20600 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
5 Еден соработник во наставно - научна област КАРТОГРАФИЈА (20606 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација)
6. Еден соработник во наставно - научна област ПРИМЕНЕТА ГЕОДЕЗИЈА (20602 од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Фраскатиева класификација).
Б. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат условите за избор во наставно-научно звање, односно соработничко звање (асистенти - докторанти) утврдени со Законот за високото образование.

В. Кандидатите за наставно - научно звање треба да ги достават следните документи:
• Пријава;
• Диплома за стекнатото научно звање доктор по науки од научната област во која се избира (еден примерок од дипломата заверен на нотар и три копии; дипломи стекнати во странство да се нострифицирани и да се со еквиваленција на оцените);
• Кратка биографија (во три примероци);
• Список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
• Еден примерок од докторски труд;
• Уверение за државјанство на Република Македонија.
Г. Кандидатите за соработничкото звање соработник (асистент - докторант) треба да ги достават следните документи:
• Пријава;
• Диплома за стекнатото научно звање магистер од научната област во која се избира (еден примерок од дипломата заверен на нотар и три копии; дипломите стекнати во странство да се нострифицирани и да се со еквиваленција на оцените);
• Кратка биографија (во три примероци);
• Список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите), доколку ги имаат;
• Потврда за познавање од англиски јазик и тоа: (TOEFEL) - најмалку 74 бода за електронско полагање преку компјутер не постар од две години од денот на издавањето, (IELTS) - најмалку 6 бода не постар од две години од денот на издавањето, (TOLES) - базично познавање (Foundation level), (ILEC) - положен со успех најмалку Б2 (B2) и Кембриџ сертификат за прелиминарен англиски (Cambridge Cerficate of Preliminary English) - (B1);
• Уверение за државјанство на Република Македонија.
Д. За кандидатите кои ќе се пријават за избор во наставно - научно звање доцент, покрај горенаведените документи, потребно е да доставата и доказ дека имаат остварено просечен успех од најмалку 8,00 за секој циклус пооделно.
Е. За кандидатите кои ќе се пријават за избор во соработничко звање (асистент – докторант), покрај горенаведените документи, потребно е да достават и доказ дека имаат остварено просечен успех од најмалку 8,50 на прв и втор циклус на студии.
Ф. Конкурсот трае пет работни дена од денот на објавувањето на конкурсот.
Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ги достават во Министерството за образование и наука на Република Македонија, 8 спрат, лично или на адреса: ул „Кирил и Методи“ 54, Скопје (со назнака: За Конкурс за избор на наставници во сите наставно-научни звања и соработници (асистенти - докторанти) на Факултетот за градежништво и архитектура во состав на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје).

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook