Република Македонија обезбеди финансиски средства преку заем од Светска банка за реализација на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации кој се имплементира преку Министерството за образование и наука. Дел од овие средства е предвидено да се искористат за спроведување на грант програма чија цел е унапредување на практичната настава и вештините за вработување на учениците од јавните средни стручни училишта по формализација на средното образование, преку поврзување на училиштата со малите, средните и големите компании.

Во таа насока, грант програмата предвидува доделување на финансиски средства за спроведување на заеднички проекти на јавните средни стручни училишта и бизнис секторот.

Министерството за образование и наука ги поканува јавните средни стручни училишта во соработка со партнер компании да го изразат својот интерес за добивање на финансиски средства преку доставување на предлог проекти кои се однесуваат на воспоставување соработка помеѓу училиштата и бизнис заедницата, а се изработени согласно програмата за доделување грантови која е достапна на веб страната на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk (http://mon.gov.mk/index.php/dokumenti/2014-07-30-12-00-34/sdisproekt)

Услови за учество на јавно средно стручно училиште во Република Македонија во грант програмата се:

• Да достави предлог проект за чија што имплементација има јасна и реална потреба одфинансиските средства

• Предлог проектот да биде во согласност соцелите на грант програмата

• Управувањето со финансиски средства да го остварува согласно процедурите наведени во грант програмата и согласно законите и прописите за финансиско работење во Република Македонија Грантовите кои се доделуваат се во висина од 5.000 евра, 10.000 евра и 20.000 евра во денарска противвредност. Училиштата може да аплицираат со доставување наеден или повеќе предлог проекти за секоја од мерките предвидени со грант програмата. На едно училиште може да му бидат доделени повеќе грантови, но само еден за секоја од предвидените мерки. Изборот на предлог проектите за кои ќе бидат доделени грантови го врши комисија формирана од Министерот за образование и наука врз основа на квалитетот и издржаноста на пристигнатите апликации. Со училиштата и нивните партнер компании Министерството за образование и наука ќе склучи Договор за грант.

Апликациите, односно предлог проектите се доставуваат во писмена форма до Министерство за образование и наука – Проект за развој на вештини и поддршка на иновации, бул.„Св. Кирил и Методиј”бр. 54, 1000 Скопје, Република Македонија, со назнака „АПЛИКАЦИЈА ЗА ГРАНТ“ најдоцна до 15.05.2016 година.

За сите заинтересирани средни стручни училишта и нивните партнер компании Министерството за образование и наука ќе обезбеди техничка помош за запознавање со процедурите за аплицирање преку организирање на обуки кои ќе се реализираат во текот на месец април 2016 година.За точните датуми и термини, како и локациите за одржување на обуките, јавните средни стручни училишта ќе бидат дополнително известени.

Подетални информации може да се обезбедат во Министерството за образование и наука - Проект за развој на вештини и поддршка на иновации, лице за контакт Милица Мојсоска - координатор на програмата за доделување грантови, телефонски број02/3 112 705, електронска адресаОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

- Оперативен прирачник за имплементација на грант програмата за зајакнување на соработката меѓу училиштата и деловната заедница

- Operational manual for implementing the Grant program

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook