Врз основа на член 13-б став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15 и 30/16), Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54-Скопје, објавува


ЈАВЕН ПОВИК
за интерес за доставување на адаптирани учебници од странство за основно образование

(1) Предмет на јавниот повик: Доставување на барање за  одобрување на адаптиран учебник од странство на учебници за следните наставни предмети:

- Математика за VII одделение на деветгодишно основно образование
- Математика за VIII одделение на деветгодишно основно образование
- Математика за IX одделение на деветгодишно основно образование
- Биологија за VII одделение на деветгодишно основно образование
- Биологија за VIII одделение на деветгодишно основно образование
- Биологија за IX одделение на деветгодишно основно образование
- Хемија за VIII одделение на деветгодишно основно образование
- Хемија за IX одделение на деветгодишно основно образование
- Физика за VIII одделение на деветгодишно основно образование
- Физика за IX одделение на деветгодишно основно образование


(2) Барање за одобрување на адаптиран учебник од странство може да поднесе

-домашен издавач,
-странски издавач кој е регистриран за издавачка дејност во државата во која му е седиштето преку овластени законски застапници во Република Македонија

(3) Кон барањето домашниот издавач, како и странскиот издавач, преку овластени законски застапници во Република Македонија задолжително приложува:

-адаптиран учебник од странство, преведен на македонски јазик, ликовно и графички разработен и јазично уреден во шест примероци од кои пет во печатена форма ( три во колор и два во црно бело ) и еден во електронска форма,
-изјава од лектор за јазично уредување на текстот,
-список на лице/лица кои го преведувале адаптираниот
учебник од странство,
-домашниот издавач треба да достави доказ дека е регистриран за издавачка дејност во Република Македонија,
-странскиот издавач треба да достави доказ дека е регистриран за
издавачка дејност во државата во која му е седиштето и овластување за законски застапник во Република Македонија .

(4) Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

(5) Заинтересираните издавачи може да ги подигнат адаптираните и
преведените наставни програми во просториите на Педагошката служба ул.,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54-Скопје, а Концепцијата за изработка на учебникот можат да ја превземат од веб страната на Бирото за развој на образованието.

(6) Некомплетната и ненавремено доставената документација нема да се земе во предвид.

(7) Домашниот или странски издавач на кој Педагошката служба ќе му даде одобрение за употреба на учебникот усогласен со донесена адаптирана и преведена наставна програма од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examinations) потребно е да добие одобрување (endorsement) на учебникот од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examinations). Постапката за одобрување (endorsement) е на трошок на издавачот.

(8) Барањето за одобрување на адаптиран учебник од странство да се достави на следната адреса

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54-Скопје

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook