Министерството за образование и наука во рамки на проектот „Директно финансирање на трошоците кои произлегуваат од функционирањето на Оперативната структура за ИПА компонентата за Развој на човечки ресурси“, финансиран од страна на Европската Унија, во рамките на четвртата компонента од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС
за засновање на работен однос на определено време во
Министерството за образование и наука


врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 34/14, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16),

Огласот опфаќа вработување на 2 (две) лица на определено време за период до 31.12.2017 година, кои ќе работат во Проектната единица за спроведување на Оперативната програма за развој на човечки ресурси и тоа за следните работни места

- Реден број 1 - Советник за подготовка на програми и проекти во рамки на ОПРЧР - 1 (еден) извршител
- Реден број 2- Советник за подготовка на тендерска документација - 1 (еден) извршител

Кандидатите покрај општите услови предвидени во Законот за работни односи треба да ги исполнуваат и следните посебни услови потребни за вршење на задачите:


1. За работното место - Советник за подготовка на програми и проекти во рамки на ОПРЧР:

Вид на образование :                                       

-најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на стручна подготовка, општествени науки, технички или природно-математички науки

Работно искуство во струката :

- најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации

-најмалку 1 година искуство во примена на правилата за набавка на ЕУ

Други професионални квалификации способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети:

-одлично усмено и писмено познавање на македонскиот и англискиот јазик,

-работа со компјутери

 

2.За работното место - Советник за подготовка на тендерска документација:

Вид на образование :                                       

-најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на стручна подготовка, општествени науки, технички или природно-математички науки

Работно искуство во струката :

-најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации

-најмалку 1 година искуство во примена на правилата за набавка на ЕУ

Други професионални квалификации способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети:

-одлично усмено и писмено познавање на македонскиот и англискиот јазик,

 -работа со компјутери

 

Јавниот оглас трае 10 (десет) работни дена од денот на објавување, односно заклучно со 24.03.2016 година до 16:30 часот, а изборот на кандидатите ќе се изврши најдоцна до 04.04.2016 година.

 

За горенаведените работни места неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (8:30-16:30), а основната плата изнесува 25.006,00 денари.

Со пријавата покрај кратка биографија Europass CV 

 (http://europass.cedefop.europa.eu/en/home), кандидатите се должни да достават и соодветни докази во оригинал или копија, во поглед на општите и посебните услови и тоа: 

Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место; Потврда за работното искуство; Уверение за познавање англиски јазик и компјутерски вештини; Државјанство; Лекарско уверение; Уверение дека не е изречена судска забрана за вршење на професијата, дејност или должност.

Бараните документи се доставуваат во затворен коверт со напомена: “Да не се отвора”, на следнава адреса:

Министерство за образование и наука 

Одделение за управување со човечки ресурси

бул. Св. „Кирил и Методиј“ 54 Скопје 

(со назнака “за оглас”)

Скопје

 

На спротивната страна на ковертот да се наведе редниот број на работното место за кое се аплицира, со напомена: “Да не се отвора”

Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана. 

Кандидатите со уредна документација и кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју во Министерството за чија потреба се објавува огласот. 

 

                                                                  

       Министерство за образование и наука

The Ministry of Education and Science has established a Project Implementation Unit for the Operational Programme for Human Resources Development – OPHRD (IPA Component IV), and for that purpose publishes a job announcement for the following two (2) working positions:

1 Advisor for preparation of programmes and projects under OPHRD

1 Advisor for preparation of tender documentation

The employments will be on temporary basis for a period up to 31.12.2017 and will be financed within the project “Direct financing of the expenditure incurred for the functioning of the Operating Structure for Human Resources Development Component of IPA”- Reference number: 09-28901/1, funded by the European Union within Component IV of the Instrument for Pre-Accession Assistance (IPA).

The deadline for submission of the required documentation is March 24, 2016 at 16.30, on the above specified address.

Vacancy Announcement for Project Implementation Unit

The Vacancy Announcement is also published on the website of the Ministry – www.mon.gov.mk.     

 

 

Јавниот оглас трае 10 (десет) работни дена од денот на објавување, односно заклучно со 24.03.2016 година до 16:30 часот, а изборот на кандидатите ќе се изврши најдоцна до 04.04.2016 година.

 

За горенаведените работни места неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (8:30-16:30), а основната плата изнесува 25.006,00 денари.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook