Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија’ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15 и 154/15), Правилникот за начинот и постапката и поблиските критериуми за финансирање и надзор на годишните програми за финансирање на научно – истражувачки проекти односно програми („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 82/09, 149/09,25/11 и 129/13, и Решението за објавување на Јавен оглас бр.17-2289/1 од 01.02.2016 година, Министерството за образование и наука на Република Македонија, распишува:

КОНКУРС
за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Австрија за периодот 2016 - 2017 година

Министерството за образование и наука на Република Македонија, од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат поднесените предлог - проекти по Конкурсот за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Австрија кои ќе се финансираат во периодот 2016-2017 година.

Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и научно подрачје на истражување.

Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување

- Природни и техничко- технолошки науки, (хемија, биологија, физика и математика);
- Компјутерски науки и информатика;
- Општествени науки ( економија)
- Хуманистички науки, (наука за јазици ж,историски науки);
- Земјоделски науки и храна
- Медицинскли науки (фармација)

При изборот на рецензентите предност ќе имаат истражувачите со научно и наставно-научно звање кои ги исполнуваат следниве критериуми:

- компетентност на рецензентот,
- рецензентот да има објавено научни трудови во
меѓународни списанија,
- да главен истражувач или да е учесник во најмалку еден
национален проект,
- да е главен истражувач или да е учесник во најмалку еден
меѓународен проект,
Избраните рецензенти ќе ги оценуваат пријавените билатерални проекти врз основа на следниве критериуми:
- придонес во продлабочувањето и проширувањето на
научните знаења;
- оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;
- компетентност на главниот истражувач;
- компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;
- придонесот во оспособувањето на млади истражувачи;
- релевантноста на проектот на целите на истражувањето;
- конкурентноста за меѓународна соработка;
- остварливоста на предлог проектот (финансиска
конструкција), можности за примена на резултатите.

Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).
Пријавата за рецензент, уредно пополнета заедно со потребните документи се доставува во Министерството за образование и наука, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 28.02.2016 година.

Некомплетни или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

За симнување:

Пријава за рецензент

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook