header-mk

Упатства и ЧПП за екстерно тестирање

Упатство за ажурирање на верзии на апликациите за екстерно тестирање (2014)

 

Azhurimi i versioneve për aplikacionet

 

Uygulamaların versiyonlarını güncelleştirme

 

____________________________________________________________________________________

 

Упатство за инсталација, администрација и спроведување на тестирање во училиштата

 

Udhëzim për instalim, administrim dhe realizim të testimit ekstern në shkolla

 

Okullarda Program Yükleme, Elektronik Yoklama, Uygulama ve Yönetici Kılavuzu

 

____________________________________________________________________________________

 

Упатство за користење на софтверот за ЕЕТ, клиентска апликација (2014)

 

 

 

     banner-eksterno-elektronska     vodich-eksterno-vest-baner    

 

Често Поставувани Прашања (ЧПП)

за Електронското Екстерно Тестирање (ЕЕТ)

 

ПОДГОТОВКА ЗА ТЕСТИРАЊЕ

 

П. Во кој временски период ќе се реализира, одржи електронското екстерното тестирање?
О. Електронското екстерно тестирање ќе се одржи во сите средни училишта, на деновите 22.01.2014 година и 24.01.2014 година
 
П. Што доколку на денот на електронското екстерно тестирање снема електрична енергија?
О. Доколку на денот на тестирањето снема електрична енергија тестирањето за тој ден се одложува, а претседателот на училишната комисија мора итно да ги информира Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар. Државниот испитен центар дополнително ќе го извести училиштето кога ќе биде одржано одложеното екстерното тестирање.
 
П. Кога учениците ќе добијат информација кој ден ќе бидат тестирани и по кој предмет?
О. Училишната комисија е должна да го објави Интерниот распоред на огласна табла во училиштето веднаш по добивање на истиот од Државниот испитен центар, а најдоцна три дена пред тестирањето.


ТЕСТИРАЊЕ

 

П. Во колку часот започнува екстерното тестирање?
О. Екстерното тестирање во сите училишта започнува во 9:30.
П. Колку време трае самиот чин на тестирање?
О. Тестирањето трае 60 минути.
 
П. Колкава е паузата помеѓу тестирањата?
О. Паузата помеѓу две тестирања трае 30 минути.
 
П. Што доколку од технички причини училиштето не може да започне со тестирањето во 9:30 часот?
О. Предвидено е одложување на почетокот на испитот поради организациско-технички проблеми.Одложувањето може да биде максимум 30 минути, но со претходно известување и согласност од Државниот испитен центар.
 
П. Што доколку на денот на тестирањето ученикот е оправдано отсутен или доцни?
О. Во случај ако ученикот е оправдано отсутен или доцни за него тестирањето ќе се одржи во следната испитна сесија.
П. Како да се постапи со ученик кој ги нарушува дисциплината и процедурите за полагање или се откри дека истиот се обидува да препишува?
О. Ученикот ќе биде отстранет од тестирањето и истиот ќе полага во некоја од следните испитни сесии. Директорот е должен најдоцна еден ден по завршување на периодот на тестирање да достави до ДИЦ список на ученици кои ја нарушиле дисциплината.
 
П. Како да се постапи со тестаторот кој не се придржува до правилата на тестирање или ја нарушува дисциплината?
О. Училишната комисија е должна да го отстрани тој тестатор и да го замени со резервен тестатор. Директорот е должен најдоцна еден ден по завршување на периодот на тестирање да достави до ДИЦ список на тестатори кои ја нарушиле дисциплината. За тие тестатори ќе бидат превземени соодветни законски мерки.
 
П. Како ќе полагаат децата со посебни образовни потреби инклузирани во редовното образование?
О. За секое дете со посебни образовни потреби се одредува дополнителен тестатор кој ќе му помага за време на тестирањето.
 
П. Дали на учениците им е дозволено користење на дополнителни помагала за време на тестирањето?
О. Дозволено е користење на молив и хартија за следните општо-образовни предмети: хемија, математичка анализа, математика гимназиско и средно стручно образование, програмски јазици и физика гимназиско и средно стручно образование и за следните стручни предмети.

 

П. Кој смее да биде присутен на тестирањето?
О. На тестирањето смее да биде присутен тестаторот, дополнителниот тестатор за ученици со посебни потреби, администраторот доколку има некаков проблем и овластениот набљудувач.
 
П. Дали вонредните ученици и учениците кои се упатени на класен испит ќе полагаат екстерно тестирање?
О. Вонредните ученици нема да полагаат екстерно тестирање, додека учениците кои се упатени на класен испит ќе полагаат екстерно тестирање.
 
П. Дали ќе биде проверувана објективноста на наставникот при оценувањето на постигањата на успехот на учениците, ако е повеќе од три месеци на боледување?
О. Проверување на објективноста на наставникот при оценувањето на постигањата на успехот на учениците, ќе се врши доколку наставникот е најмалку шест месеци во настава.
 
П. Како ќе бидат екстерно тестирани учениците кои помалку од шест месеци следат настава во училиште во Република Македонија, а претходно своето образование го оформиле во некоја друга држава?
О. Учениците кои помалку од шест месеци следат настава во училиште во Република Македонија, нема да бидат екстерно тестирани. Екстерно тестирање ќе се врши доколку ученикот е најмалку шест месеци во настава.

Министер

Spiro Ristovski 13 web

Спиро Ристовски

Министер за образование и наука на Република Македонија

misija-vizija-button-web

politika-kvalitet-web

eksterno1-baner1-4

eDnevnik-14-baner2

 

plagjati-14-baner2NaukaMK-baner-14 patent-logo1

eduvideo-14

skoool-mk-web

sportski-igri-web

e-ucebnici

domovi-web

matura-baner-14BRO-baner-14aCSOO-14-web 2 Logo_DIC

edulaws-web

1000knigi-baner-14

interaktivna-webr

              Министерство за образование      
и наука 
 ул. Св. Кирил и Методиј бр.54
 1000 Скопје
 Република Македонија


Тел:   +389 2 3117 896
Факс: +389 2 3118 414    
Е-пошта: contact@mon.gov.mk      

 

 

 119931-matte-grey-square-icon-social-media-logos-facebook-logo-300x300 Придружете ни се на Facebook      

 

 


Copyright © 2014 mon.gov.mk            

Сите права се заштитени.