СОЦИОЕМОЦИОНАЛНИ ВЕШТИНИ ЗА ПОДОБРИ ОБРАЗОВНИ РЕЗУЛТАТИ

Пилот-програма финансирана од Светска Банка и поддржана
од Министерството за образование и наука и Биро за развој на образованието

Основна цел на Програмата е да се развијат социо-емоционалните вештини кај учениците, односно учениците да знаат да ги препознаат и да управуваат со своите емоции, да научат да се справуваат со конфликтни ситуцаии и фрустрации, да научат што е емпатија, да знаат да воспостават и одржат добри односи, да знаат да си постават и да постигнат одредени таргети/цели... Сето тоа за крајна цел има учениците да го променат нивното гледиште и однесување кон сопствените можности и успех во учењето. Затоа програмата уште се нарекува и ,,Да, ти можеш!” (,,Yes, you can!”). Самата програма се базира на современите истражувања кои покажуваат дека стекнувањето на социоемоционални вештини, особено ревноста, може да го подобри успехот и однесувањето на учениците во училиште, но и да ги зголеми нивните можности подоцна, на пазарот на трудот.

Пилот програмата Социоемоционални вештини за подобри образовни резултати, за прв пат се спроведе во текот на второто полугодие од учебната 2015/16 година, со ученици од шесто и седмо одделение(на македонски и албански јазик). Во првата фаза од програмата беа опфатени 350 училишта и 42.699 ученици (од кои 56% ученици Македонци, 32% ученици Албанци, 5% ученици Роми и 4% ученици Турци). Обучени се вкупно 678 наставници.

Преземи материјали од првата фаза: (линк до материјалите)

Втората фаза од програмата се спроведе во текот на второто полугодие од учебната 2018/19 година, со ученици од петто и осмо одделение. Целта на втората фаза е развој на когнитивните вештини кај учениците, односно да се развие желбата кај учениците да стекнуваат нови знаења и да се отворени кон континуирано учење, учениците да бидат свесни за своите способности и можности, учениците да знаат дека со многу труд може да се постигнат подобри резултати... Со втората фаза од Проектот беа опфатени учениците од 5-то и 8-мо одделение (уениците од 8-мо одделение во улога на ментори на учениците од 5-то одделение). За 185 наставника кои предаваат во осмо одделение беше спроведена обука во текот на месец февруари 2019, а овие наставника потоа спроведоа обука на наставниците кои предаваат во петто одделение. Дополнително беше спроведена обука за 75 училишни психолози и педагози за содржината на лекциите и материјалите, како и за начинот на мониторирање на програмата во нивните училишта. Со втората фаза беа опфатени 81 училиште, 450 одделенија, 4300 ученици од осмо одделение и 4000 ученици од петто одделение.

Преземи материјали од втората фаза: (линк до материјалите)