Овој преглед го спроведе ОЕЦД со поддршка од УНИЦЕФ, на барање и во блиска соработка со Министерството за образование и наука.

Фокусирајќи се на системот за оценување и евалуација во училиштата, овој преглед нуди препораки кои ќе ѝ помогнат на државата максимално да ги искористи позитивните практики и политики кои веќе постојат. Исто така, ја охрабрува државата да го постави учењето на учениците во сржта на евалуацијата и оценувањето.

Прегледот ги користи комплементарните искуства и експертизи на ОЕЦД и УНИЦЕФ, со цел да понуди анализа која е сензитивна за контекстот на евалуација и оценување во земјата и во исто време се потпира на меѓународни истражувања и добри практики од целиот свет.

Прегледот со оценка и препораки може да го преземете тука