ОЗЛП

  • OZLP

    OZLP

  • Видео надзор

    Видео надзор може да се врши заради:

    • заштита на животот и здравјето на луѓето
    • заштита на сопственоста
    • заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата
    • контрола на влез и излез од службените или деловните простории

    Кога се врши видео надзор се истакнува ИЗВЕСТУВАЊЕ кое мора да ги содржи следниве информации:

    • дека се врши видео надзор
    • називот на контролорот кој го врши видео надзорот
    • начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор

    Граѓаните имаат право:

    • да пристапат или да добијат копија од снимката од видео надзорот, на која се снимени
    • да се информираат за целта на вршење на видео надзор
    • да знаат колку време се чува снимениот материјал

    Едукативен видео клип за видео надзор:

     

    Постер за видео надзор (преземи)

     

    Назад

     

  • Заштита на личните податоци

    1. Барање за пристап и исправка на личните податоци
    2. Едукативни видеа
    3. Офицер за заштита на личните податоци
    4. Видео надзор
    5. Збирки на лични податоци
    6. Законска регулатива
      1. Закони
      2. Подзаконски акти
      3. Интерни правилници, правила и упатства

     


     

    Барање за пристап и исправка на лични податоци

    Согласно член 12 од Законот за заштита на личните податоци контролорот, субјектот на лични податоци може да побара од контролорот да го информира:

    • дали се врши обработка на неговите лични податоци;
    • за целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци;
    • за личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци и
    • за логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на лични податоци.

    Контролорот е должен да одговори на субјектот на лични податоци од ставот 1 на овој член, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.

    Кога контролорот одговорил на барањето на субјектот на лични податоци од ставот 1 на овој член, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеца од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

    * Формулар за docБарање за пристап и исправка на лични податоци

     

    Едукативни видеа

    - Права на субјектите на лични податоци

     

    - Право на пристап до личните податоци

     

    - Видео надзор

    - Технички и организациски мерки

    - Препораки за младите за безбедно користење на Интернет и социјалните мрежи

     

     

    Законска регулатива

    1. Закон за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05) (преземи)
    2. Закон за изменување и дополнување на Закон за заштита на лични податоци(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08) (преземи)
    3. Закон за изменување и дополнување на законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/10) (преземи)
    4. Закон за изменување и дополнување на законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/14) (преземи)
    5. Закон за дополнување на законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 135/11) (преземи)
    6. Закон за ратификација на Дополнителниот Протокол кон Конвенцијата за заштита на поединците во поглед на автоматската обработка на лични податоци, во врска со надзорните тела и прекуграничен пренос („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08) (преземи)
    7. Закон за ратификација на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05) (преземи)

    Подзаконски акти за заштита на личните податоци

    1. Правилник за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци - пречистен текст ("Службен весник на Република Македонија" бр.38/09 и 158/10) (преземи)
    2. Правилник за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/09) (преземи)
    3. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10) (преземи)
    4. Правилник за формата и содржината на образецот на Известувањето за обработка на личните податоци и за начинот на известувањето во Централниот регистар на збирки на лични податоци - пречистен текст ("Службен весник на Република Македонија" бр. 155/08 (преземи)
    5. Правилник за формата и содржината на образецот на Известувањето за обработка на личните податоци и за начинот на известувањето во Централниот регистар на збирки на лични податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 155/08) (преземи)
    6. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на известувањето во Централниот регистар на збирки на лични податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10) (преземи)
    7. Правилник за содржината и формата на актот за начинот на вршење на видео надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10) [Преземи]
    8. Правилник за формата и содржината на образецот за евиденција на извршениот пренос на лични податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10) (преземи)
    9. Правилник за начинот на вршење на инспекцискиот надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 207/16) (преземи)
    10. Правилник за изменување и дополнување на правилникот за начинот на вршење на инспекцискиот надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/17) (преземи)
    11. Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата, како и начинот на водење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10) (преземи)
    12. Правилник за начинот на водење на единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки во прекршочна постапка, како и начинот на пристап до информации кои се содржани во евиденцијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/16) (преземи)
    13. Правилник за образецот, формата и содржината на легитимацијата и за начинот на нејзиното издавање и одземање - пречистен текст ("Службен весник на Република Македонија" бр. 143/08) (преземи)
    14. Правилник за образецот, формата и содржината на легитимацијата и за начинот на нејзиното издавање и одземање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 143/08) (преземи)
    15. Правилник за изменување и дополнување на правилникот за образецот, формата и содржината на легитимацијата и за начинот на нејзиното издавање и одземање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10) (преземи)
    16. Правилник за формата и содржината на барањето за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 144/11) (преземи)
    17. Правилник за обезбедување на безбедност и интегритет на јавните електронски комуникациски мрежи и услуги и активности кои што операторите треба да ги преземат при нарушување на безбедноста на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 9/15) (преземи)
    18. Упатство за начинот на вршење на надворешна контрола - (преземи)
    19. Упатство за дополнување на упатството за начинот на вршење на надворешна контрола - (преземи)
    20. Упатство за дополнување на упатството за начинот на вршење на надворешна контрола - (преземи)

    Интерни правилници, правила и упатства

    1. Правилник за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци (2011.08.17 19-4841/1);
    2. Правилa за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица (2014.10.21 07-16942/1);
    3. Правилa за пријавување, реакција и санирање на инциденти (2014.10.21 07-16939/1);
    4. Правила за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци (2014.10.21 07-16941/1);
    5. Правила за начинот на уништување на документите, како и за начинот на уништување, бришење и чистење на медиумите (2014.10.21 07-16940/1);
    6. Правила за начинот и постапката на користење и располагање со информатичкиот систем кој содржи лични податоци (2014.10.21 07-16943/1);
    7. Упатство за начинот на водење евиденција за лица овластениза вршење на обработка на личните податоци и за пренесување на медиуми надвор од работните простории на Министерството (2014.10.21 07-16946/1);
    8. План за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

     

     

  • Офицер за заштита на личните податоци

    Согласно член 26-а од Законот за заштита на личните податоци, Контролорот е должен да определи офицер за заштита на личните податоци кој ги врши следниве работи:

    • учествува во донесувањето на одлуки поврзани со обработката на личните податоци, како и со остварувањето на правата на субјектите на личните податоци,
    • ја следи усогласеноста со законот и со прописите донесени врз основа на законот, што се однесуваат на обработката на личните податоци, како и со внатрешните прописи за заштита на личните податоци и со документацијата за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци,
    • ги изработува внатрешните прописи за заштита на личните податоци и документацијата за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци,
    • ја координира контролата на постапките и упатствата утврдени во внатрешните прописи за заштита на личните податоци и во документацијата за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, 
    • предлага обука на вработените во врска со заштитата на личните податоци и
    • врши други работи утврдени со закон и со прописите донесени врз основа на законот, како и со внатрешните прописи за заштита на личните податоци и со документацијата за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

    Контролорот нема обврска да определи офицер за заштита на личните податоци, ако не ја известува Дирекцијата согласно со членот 28 став 1 алинеи 2 и 3 од овој закон.

    За улогата и задачите на офицерот за заштита на личните податоци може да го погледнете следново едукативно видео:

    Офицер за заштита на личните податоци:

    Димче Грозданоски,

    советник за информатичка дејност, 

    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

    +389 71 228 765


     Назад