ЈАВЕН ПОВИК

ЗА УЧЕНИЦИ ЗАПИШАНИ ВО ВТОРА И ТРЕТА ГОДИНА ОД ЈАВНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ОД РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА УЧЕСТВО НА ЛЕТEН ВОЕН КАМП ЗА МЛАДИ – 2019 ВО ЦРНА ГОРА

Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за одбрана на Република Северна Македонија објавува јавен повик за учество на пет (5) ученици од јавни средни училишта од Република Северна Македонија на летен воен камп за млади (во понатамошниот текст како камп), кој во периодот од 23.06-08.07 2019 година ќе се одржи во Црна Гора. На кампот ќе учествуваат и 40 средношколци од Црна Гора за што Министерството за одбрана на Црна Гора веќе има објавено јавен повик. Целта на проектот е средношколците да ги тестираат своите вештини како војници, преку активности и дружење развиваат чувство за солидарност и пријателство, се стекнат со знаења за улогата и значењето на Армиите во општеството и на тој начин се зајакне интересот за воената професија.

Програмата предвидува секојдневна обука во разни воени и други вештини: медицинска обука, натпреварување во топографија и ориентација, ракување со оружје и гаѓање, обука за работа со средства за комуникација, кампување (исхрана и преживување во природа, обука на брзи води и сплаварење - рафтинг, извидничка обука и ориентација во ноќни услови) и обука во качување со јаже. Покрај тоа, за учесниците во кампот се подготвени бројни спортско - рекреативни и културно -забавни активности.

ОПШТИ УСЛОВИ КОИ КАНДИДАТИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ:

- да се државјани на Република Северна Македонија;

- да се здравствено способни;

- да не се осудувани или против нив да се водат кривични постапки;

ПОСЕБНИ УСЛОВИ КОИ КОЕ КАНДИДАТИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ:

- да се редовни ученици запишани во втора или трета година од јавните средни училишта во Република Северна Македонија;

- да постигнале најмалку општмногу добар успех во прва и втора година на средното образование;

- да имаат примерно поведение;

- да има препораки од класниот раководител и директорот на средното училиште.

ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА КАНДИДАТИТЕ ТРЕБА ДА ЈА ДОСТАВАТ:

- формулар за апликација;

- потврда за македонско државјанство;

- извод од матичната книга на родени;

- * кандидатите кои имаат лична карта не се должни да доставуваат потврда за државјанство и извод од матична книга на родени;

- потврда од надлежниот орган дека не се осудувани или против нив да се водат кривични постапки

- копии од свидетелствата од сите години на средно образование;

- наод од матичниот лекар за отсуство на ментални, инфективни и хронични заболувања, не постар од еден месец;

- согласност на родител/старател, со копија од лична карта на родителот/ старателот;

- мотивациско писмо;

- препорака на од класниот раководител и директорот на училиштето;

- фотокопии од освоени награди.

НАЧИН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Кандидатите кои аплицираат на јавниот повик, документи за аплицирање да ги испратат на адресата - Министерство за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје со наслов "За јавен повик за Летен воен камп за млади во Црна Гора".

ЗАБЕЛЕШКА:

Учеството во кампот е бесплатно, Министерството за одбрана на Република Северна Македонија ќе обезбеди комплети на униформи за учесниците на Летниот камп за млади и ги покрива трошоците за превоз и осигурување, додека Министерството за одбрана на Црна Гора обезбедува сместување, исхрана и медицинска помош.

За време на траењето на Летниот воен камп за млади, припадници на Војската на Црна Гора ќе се грижат за безбедноста на учесниците во кампот. Со учениците од Република Северна Македонија ќе престојува и старешина од Армијата кој ќе биде задолжен за редот, дисциплината и реализација на предвидената програма. Министерството за одбрана на Црна Гора, исто така, ќе обезбеди и неопходна медицинска помош во случај на потреба.

Младинскиот камп е организиран за четириесет (40) учесници од Црна Гора и пет (5) ученици од Република Северна Македонија.

Кампот ќе биде организиран во единиците на Војската на Црна Гора во Даниловград, Колашин, Плевља и Тиват.

Изборот на кандидати ќе го спроведува Комисијата од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Прилог на повикот се доставуваат формуларот за апликација и формуларот за согласност за родител/старател.

Некомплетните и ненавремените пријави, нема да се разгледуваат.

Потребната документација се доставува во рок од 7 дена од денот на објавувањето на овој повик, во писарницата на Министерство за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.

формулар.doc

Измена на Конкурсот за дополнување на Конкурсза доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонијаза студиската 2018/2019 година бр.19-3872/1 од 27.03.2019 година


1. Во Конкурсот за дополнување на Конкурсза доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонијаза студиската 2018/2019 година бр.19-3872/1 од 27.03.2019 година, во главата II. Начин на рок на пријавување ставот 1 се менува и гласи; ,,Студентите кои се пријавуваат на конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk почнувајќи од 01.04.2019 година заклучно со 14.04.2019 година.”

ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ

2.Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на 03.05.2019 година на веб страната на Министерството.


МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ

3.Студентите, кои електронски се пријавиле по конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 08.04.2019 година до 16.04.2019 година, во избраниот термин, да ги донесат документите или да ги испратат по пошта со препорачана пратка на горенаведената адреса.

Врз основа на член 57 став 1 алинеа 3 од Законот научнo-истражувачка дејност(„Службен весник на Република Северна Македонија“бр.46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16, и 53/16) и член 5 став (1) од Правилникот за остварување на правото на еднократна награда за објавување на научен труд и за надомест на средствата платени за објавување на трудови („Службен Весник на Република Северна Македонија“, бр.102/18), министерството за образование и наука објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАДОМЕСТ НА СРЕДСТВАТА ПЛАТЕНИ

ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА НАУЧНИ ТРУДОВИ

            1. Министерството за образование и наука објавува јавен повик за прибирање на барања за надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите на Web of Science или Scopus од наставниците и соработниците избрани на високообразовните/научните установи во Република Северна Македонија (во натамошниот текст: авторите).

          

2. Авторите кои платиле средства за објавување на труд во списаниеиндексирано во базите Web of Science или Scopus, поднесуваат барање за надомест на средства до Министерството за образование и наука најдоцна една година од денот на објавувањето на трудот.

3. Потребни документи за барање на средства платениза објавување на научни трудови се:

            - Пополнетo барање,

            - копија од објавениот труд од домашен автор восписанија реферирани во базите Web of Science илиScopus;

            -копија од страницата на списанието кадешто е наведен насловот, годината и бројот на списанието, уредувачкиот одбор и издавачот на списанието во кое е објавен трудот;

            -уверение за државјанство на Република Северна Македонија на авторот/авторите

            - потврда за избор во наставно, соработничко илинаучно звање.

- копија од фактура, односно уплатница за печатење на трудот, поднесена од страна на субјектот завршење на научно-истражувачката дејност.

- изјава на авторите на трудот за процентуална распределба на средствата платени за објавување на трудоти

            -Изјава за користење лични податоци

           

Ненавремено или некомплетно барање нема да се разгледува.

4. Финансиски средства за оваа намена ќе се обезбедат со средства од Буџетот на Република Северна Македонија.

5. Барањето со упатството за потребната пропратна документација може да се добие во Министерството за образование и наука или на интернет страницата на Министерството (www.mon.gov.mk).

Документите по основ на известувањето се доставуваат во 3 примероци со назнака „Надоместна средствата платениза објавување на научни трудови“ да се достават на адресата или во писарницата на:

Министерство за образование и наука

Ул.”Св.Кирил и Методиј” бр.541000 Скопје

Дополнителни информации за Надоместна средствата платениза објавување на научни трудови можат да се добијат во Министерството за образование и наука

Контакт лице: Александар Петровтелефон 02/3140-189 и

e-mail: aleksandar.petrov@mon.gov.mk, канцеларија 1405

и Олга Дуковска Атов телефон 02/3140-185 и

e-mail: оQuesto indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo., канцеларија 1410

 

 

baranje_nadomest_2018.doc

izjava-sredstva-2018.doc

izjava_za_licni_podatoci-надомест-.doc

 

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за учество во Фулбрајт студентската програма,  во Соединетите Американски Држави, за академската 2020-2021 година.

 

Сите подетални информации во врска со процесот на пријавување и фазите на селекција во оваа заедничка студентска програма на владите на САД и Република Македонија, се достапни на https://mk.usembassy.gov и www.mon.gov.mk.


The Fulbright Student Competition for the 2020-2021 Academic Year Is Now Open

3

Application for the Fulbright Student Program in the United States (Visiting Student Researchers and Master’s Degree)

Please read all application instructions and information carefully before completing your application.

Application Deadline:  MAY 31, 2019

This is a joint program of the U.S. Department of State and the Government of Macedonia.

Eligibility Requirements

  • Completed university degree (undergraduate), or enrollment in postgraduate studies
  • Proficiency in English sufficient to undertake graduate study or research in the United States
  • Citizenship of the Republic of Macedonia

 

Instructions

Applications should be completed in English and submitted online at:https://apply.iie.org/ffsp2020

  • Each page of the application carries its own instructions, which should be read carefully.
  • Every question must be answered completely and carefully. Please make every effort to limit your responses to the space provided.
  • Completed applications should be submitted by May 31, 2019.
  • Incomplete applications will not be considered.

 

Standardized Tests
You will be required to take the TOEFL exam if you are selected for an interview at the U.S. Embassy. You should not apply for the TOEFL exam at this phase of your application. You will receive instructions on how to register for the exam after the interview.

In addition, degree-seeking students will be required to take the GRE or GMAT, depending on your field of study, in order to be considered for admissions to graduate programs in the United States.  You shouldnot apply for these two exams at this phase of your application.  You will receive instructions on how to apply for these exams after the interview. 

 

A complete application includes:

  • An application form submitted online
  • A detailed statement of proposed activity (personal statement and study objective essays)
  • A detailed curriculum vitae
  • Three letters of reference

 

The following documents should be scanned and attached to your online application. Documents should be scanned into PDF and each scanned document may not be bigger than 5 MB.

  • A copy of bio page of your passport.

For degree option, please submit B.A. university transcripts and diploma.

For research option, please submit B.A., M.A and university transcripts and a certificate confirming enrollment in a Ph.D. program, as well as a translation of the degree or letter into English, if applicable.

  • A letter from your employer confirming employment, if you are employed.
  • Any optional supplementary documents.

Application forms and instructions on how to fill out your application can be found at: https://apply.iie.org/ffsp2020or https://foreign.fulbrightonline.org/.

For additional information please contact:
Gazmend Ilazi
Educational Affairs Assistant
Public Affairs Office
e-mail: Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo.
Phone: 389-2-310-2099