Често Поставувани Прашања (ЧПП)

за Електронското Екстерно Тестирање (ЕЕТ)

 

ПОДГОТОВКИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ

П. Во кој временски период ќе се реализира/одржи електронското екстерното тестирање?
О. Електронското екстерно тестирање ќе се одржи во сите основни и средни училишта од 30.01.2017 година до 03.02.2017 година.

П. Што доколку на денот на електронското екстерното тестирање се прекине интернет врската?
О. Доколку на денот на електронското екстерно тестирање се прекине интернет врската ќе треба да пристапите кон off line варијантата на тестирање, која ја инсталира администраторот на училиштето.
Деталните информации за начинот на реализација на овој вид тестирање можете да ги најдете во видео упатствата погоре на оваа страна.

П. Дали ќе се одржува настава на денот на електронското екстерното тестирање и што со учениците кои тој ден ќе се тестираат?
О. Сите ученици кои се на распоред на денот на тестирање не одат на настава. Сите други ученици имаат редовна настава според утврдениот распоред на часови.

П. Кога учениците ќе добијат информација кој ден ќе бидат тестирани и по кој предмет?
О. Училишната комисија е должна да го објави Интерниот распоред на огласна табла во училиштето веднаш по добивање на истиот од Државниот испитен центар, а најдоцна три дена пред тестирањето.


ТЕСТИРАЊЕ


П. Во колку часот започнува екстерното тестирање?
О. Екстерното тестирање во сите училишта започнува во 9:30 часот.

П. Колку време трае самиот чин на тестирање?
О. Тестирањето трае 60 минути.

П. Колкава е паузата помеѓу тестирањата?
О. Паузата помеѓу две тестирања трае 30 минути.

П. Што доколку од технички причини училиштето не може да започне со тестирањето во 9:30 часот?
О. Предвидено е одложување на почетокот на испитот поради организациско-технички проблеми. Одложувањето може да биде максимум 30 минути, но со претходно известување и согласност од Државниот испитен центар.

П. Што доколку на денот на тестирањето ученикот е оправдано отсутен, и во кој случај отсуството на ученикот се смета за оправдано?
О. Оправдано отсутни се оние ученици што од здравствени причини се спречени да дојдат на екстерно тестирање и за истото имаат лекарска потврда или лекарска документација, како и учениците кои учествуваат на меѓународни натпревари и истото треба да го потврдат со документ. Ако ученикот од оправдани причини не присуствува на екстерното тестирање на првично закажаниот датум, тогаш ќе треба да се појави на следната сесија во месец Август, за што дополнително ќе биде информиран.

П. Како да се постапи со ученик кој ги нарушува дисциплината и процедурите за полагање или се открие дека истиот се обидува да препишува?
О. Ученикот ќе биде отстранет од тестирањето. Директорот е должен најдоцна еден ден по завршување на периодот на тестирање да достави до ДИЦ список на ученици кои ја нарушиле дисциплината.

П. Како да се постапи со тестаторот кој не се придржува до правилата на тестирање или ја нарушува дисциплината?
О. Училишната комисија е должна да го отстрани тој тестатор и да го замени со резервен тестатор. Директорот е должен најдоцна еден ден по завршување на периодот на тестирање да достави до ДИЦ список на тестатори кои ја нарушиле дисциплината. За тие тестатори ќе бидат превземени соодветни законски мерки.

П. Како ќе полагаат децата со посебни образовни потреби инклузирани во редовното образование?
О. За секое дете со посебни образовни потреби се одредува дополнителен тестатор кој ќе му помага за време на тестирањето.

П. Дали на учениците им е дозволено користење на дополнителни помагала за време на тестирањето?
О. Дозволено е користење на молив и хартија за следните општо-образовни предмети: математика, физика и хемија како и молив, хартија и дигитрон за следните стручни предмети.

П. Кој смее да биде присутен на тестирањето?
О. На тестирањето смее да биде присутен тестаторот, дополнителниот тестатор за ученици со посебни потреби, администраторот доколку има некаков проблем и овластениот набљудувач.

П. Дали вонредните ученици и учениците кои се упатени на класен испит ќе полагаат екстерно тестирање?
О. Вонредните ученици не се упатуваат на екстерно тестирање, додека учениците кои се упатени на класен испит ќе бидат екстерно тестирани.

П. Дали ќе биде проверувана објективноста на наставникот при оценувањето на постигањата на успехот на учениците, ако е повеќе од три месеци на боледување?
О. Проверување на објективноста на наставникот при оценувањето на постигањата на успехот на учениците, ќе се врши доколку наставникот е најмалку шест месеци во настава. Во вакви случаи директорот на училиштето е должен да достави известување за наставникот до Државниот испитен центар.

П. Дали резултатите од екстерното тестирање се запишуваат во свидетелствата?
О. Резултатите од екстерното проверување на постигањето на успехот на учениците, училиштето ги запишува во свидетелството за завршено одделение/година и истите влијаат врз општиот успех на ученикот.

minister-sajt-mk

Министер за образование и наука

spiro ristovski w2

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook