Видео надзор може да се врши заради:

  • заштита на животот и здравјето на луѓето
  • заштита на сопственоста
  • заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата
  • контрола на влез и излез од службените или деловните простории

Кога се врши видео надзор се истакнува ИЗВЕСТУВАЊЕ кое мора да ги содржи следниве информации:

  • дека се врши видео надзор
  • називот на контролорот кој го врши видео надзорот
  • начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор

Граѓаните имаат право:

  • да пристапат или да добијат копија од снимката од видео надзорот, на која се снимени
  • да се информираат за целта на вршење на видео надзор
  • да знаат колку време се чува снимениот материјал

Едукативен видео клип за видео надзор:

 

Постер за видео надзор (преземи)

 

Назад