Согласно член 26-а од Законот за заштита на личните податоци, Контролорот е должен да определи офицер за заштита на личните податоци кој ги врши следниве работи:

  • учествува во донесувањето на одлуки поврзани со обработката на личните податоци, како и со остварувањето на правата на субјектите на личните податоци,
  • ја следи усогласеноста со законот и со прописите донесени врз основа на законот, што се однесуваат на обработката на личните податоци, како и со внатрешните прописи за заштита на личните податоци и со документацијата за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци,
  • ги изработува внатрешните прописи за заштита на личните податоци и документацијата за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци,
  • ја координира контролата на постапките и упатствата утврдени во внатрешните прописи за заштита на личните податоци и во документацијата за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, 
  • предлага обука на вработените во врска со заштитата на личните податоци и
  • врши други работи утврдени со закон и со прописите донесени врз основа на законот, како и со внатрешните прописи за заштита на личните податоци и со документацијата за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Контролорот нема обврска да определи офицер за заштита на личните податоци, ако не ја известува Дирекцијата согласно со членот 28 став 1 алинеи 2 и 3 од овој закон.

За улогата и задачите на офицерот за заштита на личните податоци може да го погледнете следново едукативно видео:

Офицер за заштита на личните податоци:

Димче Грозданоски,

советник за информатичка дејност, 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

+389 71 228 765


 Назад