Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска најави дека во Скопје ќе се отворидржавно меѓународно основно училиште кое ќе биде заеднички проект на Министерството за образование и наука и Британскиот совет. За таа цел МОН објави оглас за интерес за наставници по англиски јазик кои ќе предаваат во училиштето. Согласно плановите, наставата треба да почне во 2016/2017 година. Ристовски додаде дека во првата година би била отворена една или најмногу две паралелки, а запишувањето ќе биде без паричен надомест.Бирото за развој на образованието изработи посебни програми за наставата во првото државно меѓународно училиште, во кое основните предмети ќе бидат на англиски, а секако ќе се изучува како и во редовната настава.

„Во најголем дел наставата ќе биде на англиски, на некој начин ќе биде билингвална функционалноста на тоа училиште. Ќе почнеме со една до две паралелки за да го видиме интересот на учениците односно на семејствата кои би сакале да ги вклучат нивните деца во ваков тип на образование на англиски јазик. Се повеќе има интерес кај родителите и децата да учат на англиски јазик, дел од нив се запишуваат во приватни училишта. Затоа како Влада одлучивме прво да најдеме соодветен кадар. Планот е во една од скопските општини, во веќе постојните училишта, да бидат отворени првите паралелки. Потоа, според тоа како ќе се развива интересот, ќе ги определуваме следните чекори. Во овој момент е преамбициозно да дефинираме цело едно училиште што ќе биде училиште во кое се учи на англиски јазик“,рече Ристовски.

Заинтересираните кандидат за предавање во училиштето треба да имаат сертификат за познавање англиски јазик. Рокот за пријавување е до 25 ноември, по што апликантите ќе бидат селектирани од МОН и Британскиот совет. Избраните кандидати ќе одат на дополнителна обука за англиски јазик во Британскиот совет и ќе имаат дополнителни психолошко-методски подготовки за спроведување на овој тип настава.

Инаку денеска Ристовски присуствуваше на седмата Меѓународна конференција за човечки ресурси на која истакна дека развојот и унапредувањето на човечкиот капитал, како најважен ресурс за придвижување на една организација, е основа за креирање на стратешките политики во многу области.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook