Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, кој денес е во официјална посета на Република Косово, оствари средба со Косовскиот министер за образование, наука и технологија, Арсим Бајрами.
На оваа средба, двајцата министри разговараа за продлабочувањето на соработката во областа на образованието и науката, врз основа на потпишаниот договор за соработка.
“Се договоривме денес дека врз основа на тој договор, ќе развиеме и извршни програми, програми изготвени од страна на мешана група од претставници на двете министерства кои ќе се среќаваат редовно и кои ќе не информираат на секои три месеци”, истакна министерот Адеми.
Тој на средбата со новинарите рече дека со министерот Бајрами разговарале и за соработка во повеќе области со цел да се олесни спроведувањето на заедничките проекти.
“Исто така го известив министерот дека ние веќе сме започнале со применувањето на адаптираните програми по предметот на математика и природните науки од Кембриџ програмата која е квалитетна и користена во многу земји. Министерството за образование и наука веќе две години ја применува програмата и ќе продолжи за да го заврши циклусот на основното образование и подготвени сме да соработуваме и помогнеме во постапките и размената на текстови ако косовската влада е решена да ја примени истата програма”, рече Адеми.
Тој додаде дека соработката меѓу универзитетите на двете земји е повеќе од неопходна.
“Првиот пример на соработка би бил помеѓу универзитетите со изготвување на интегрирана студиска програма помеѓу универзитетите, која би помогнала во мобилноста на студентите и размената на искуствата и наставниот кадар, ќе влијае на студентите за дел од студиите да ги завршат во Македонија, дел во Албанија и дел тука во Косово”, изјави Адеми.
Министерот за образование и наука Адеми оствари средба и со ректорот на универзитетот во Приштина.
Додека утре, сабота, Адеми ќе учествува на инаугурацијата на Химната на Мајка Тереза, "Божествениот валцер", организирана од страна на Собранието на Република Косово.
Овој настан се реализира во чест на одбележувањето на 105-годишнината од раѓањето на Гонџе Бојаџиу, Меѓународниот ден за Добротворни Цели, прогласен од страна на Обединетите нации и во пресрет на беатификацијата на Мајка Тереза од страна на Ватикан, а е организирана од страна на Собранието на Република Косово.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook