Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, заедно со Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети како и Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, ја пуштија во употреба новата спортска сала, во рамките на основното училиштето Перпарими во Голема Речица - општина Тетово.

Училишната сала со димензии од 1300м2 ги обезбедува потребните услови за сите групни спортови како ракомет, кошарка, мал фудбал и одбојка а исто така со опремувањето на салата со спортски реквизити ќе се овозможи и изведување на сите гимнастички вежби. На тој начин создадени се соодветни услови за спортување за 688те ученици од училиштето. Воедно, салата располага со трибина за гледачи со капацитет од 400 седишта, а како дел од инфраструктурата се и гардеробите, туш - кабините, санитарните јазли, просториите за сместување на спортските реквизити како и посебните простории за наставниците по предметот спорт и спортски активности.

При проектирањето и изградбата на спортската сала запазени се сите најнови стандарди за градење на ваков тип на објекти а особено е внимавано на сигурноста и квалитетот на вградените материјали како и енергетската ефикасност.

„Оваа училишна сала претставува дел од реализацијата на Проектот на Владата на Република Македонија „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“, кој го спроведува Министерството за образование и наука“, рече Адеми.

Како дел проектот, во општина Тетово веќе се изградени и пуштени во употреба спортските сали во рамките на: Средното медицинско училиште „Никола Штејн“, Средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“, како и во средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчески “. Исто така започната е изградбата на уште две спортски сали и тоа во средните училишта „Моша Пијаде“ и „8-ми Септември“.

„Со овие инвестиции ќе се надмине долгогодишниот проблем на обезбедување на основни услови за одржување на наставата по предметот спорт и спортски активности, што на долг рок ќе обезбеди и повисоко ниво на квалитет на спортот и спортските активности во нашите училишта. Паралелно со тоа, ќе се мотивираат сегашните ученици да членуваат во спортски клубови, репрезентации и да се натпреваруваат за постигнување на што подобри резултати во спортот за кој самите се определиле. Верувам дека, сето ова ќе претставува потстрек, нашите идни надежи, да земат активно учество и на значајни меѓународни натпреварувања и олимпијади“ истакна во оваа прилика министерот Адеми.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook