Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и заменик министерот Спиро Ристовски, заедно со Претседателот на Владата на Република Мaкедонија Никола Груевски, го пуштија во употреба средното училиште во општина Шуто Оризари. Целата инвестиција за изградбата и опремувањето на училиштето изнесува 85.000.000 денари.

„Станува збор за првото средно училиште кое е изградено на територијата на општина Шуто Оризари. Изградбата на ова училиште во голема мерка ќе им помогне на средношколците кои живеат во овој дел на Скопје. Наместо да патуваат до средните училишта кои се наоѓаат во другите општини во главниот град, образованието ќе можат да го продолжат во непосредна близина на нивните домови“, рече Адеми.

Во средното училиште во Шуто Оризари ќе има повеќе струки и профили. Срдношколците можат да се определат за здравствена струка, (образовен профил медицинска сестра), градежно – геодетска струка (образовен профил градежен техничар), угостителско – туристичка струка (образовен профил келнер), економско – правна и трговска струка (образовен профил економски техничар) и лични услуги (образовен профил фризер).

Новото училиште се протега на површина од 4405 метри квадратни. Во склоп на новата зграда се наоѓа и училишната библиотека во која учениците ќе можат да ги најдат сите лектири, како и дополнителна литература со која ќе можат да го надградат своето знаење. Наставата по физичко образование, ќе се одвива во нова и комплетно опремен спортска сала. Во училиштето, настава ќе можат да следат 400 ученици во една смена.

Министерот Адеми, заменик министерот Ристовски и премиерот Груевски денеска ги посетија и доградените објекти на двете основни училишта во општина Шуто Оризари -„ Браќа Рамиз и Хамид“ и „26 јули“ .

Адеми додаде дека Владата на Република Македонија дала согласност да се гради средното училиште во општина Сарај и дека наскоро се очекува и тоа да се пушти во употреба.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook