По повод почетокот на учебната 2015/2016 година, министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, го посети основното училиште „Пашко Васа“ во село Групчин, општина Желино. Со заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, присуствуваа и на поставување на камен темелникот на новата училишна зграда на основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода и на пуштањето во употреба на новата училишна зграда на основното училиште „Живко Брајковски“ во општина Бутел . Адеми им посака среќен почеток на сите ученци, посебно на првачињата, кои од оваа година за прв пат ќе се соочат со нови предизвици.

Министерот истакна дека оваа учебна година се воведуваат новини, со цел подигнување на квалитетот на образовниот процес.

„Новост е дека нема да има казни за наставниците за екстерно оценување. Напротив, ќе има само награди за најдобрите наставници. Исто така оваа година планираме да се основа Академијата за наставници која има за цел подигнување на квалитетот на наставата“ , рече Адеми.

Адеми додаде дека и оваа учебна година се доделени бесплатните учебници, обезбедени од страна на Министерството за образование и наука.

„Продолжуваме со проектот за адаптирање на учебниците од програмата на Кембриџ за четврто, петто и шесто одделение. Следна година ќе продолжиме до деветто одделение“, рече Адеми.

Адеми истакна дека продолжуваат и инвестициите за подобрување на образовната инфраструктура. Потврда за тоа е изградбата на новиот училишен објект на ОУ „Невена Георгиева Дуња“, инвестиција вредна 75 милиони денари.

„На локацијата на постоечкиот објект на ОУ Невена Георгиева Дуња, каде повеќе од 40 години наставата се изведува во монтажни објекти од времен карактер, за скоро време ќе никне нов современ училишен објект. Новата училишна зграда ќе биде објект со најсовремена конструкција и ќе се простира на приземје и еден спрат, а еден дел од објектот ќе биде и со подрумски простории во кои ќе бидат сместени машинско одделение, работилница, магацин, додека во останатиот дел од училиштето ќе бидат сместени кабинетите, училниците и просториите за училишната администрација“, рече Адеми.

Оваа учебна година на училиште тргнаа 187 000 основци, од кои околу 20 000 се првачиња и 81 000 средношколци, од кои околу   19 000 во прва година.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook