Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, присуствуваше на десеттиот меѓународен научен собир, организиран од Институтот Alb-shkenca. На овој собир своите идеи и научни достигнувања меѓусебно ги споделуваат албанските научници од земјата и регионот, со нивните колеги кои научната мисла ја шират низ целиот свет.

Адеми истакна дека за големината на самиот настан говори присуството на 300 научници, од кои 50 се од Македонија.

„Ваквите собири се одлична можност научниците да дебатираат за одредени теми, да разменуваат искуства, да дојдат до нови сознанија, благодарение на кои целиот свет ќе оди напред. Со интензивната меѓусебна комуникација на албанските научници од нашата држава со колегите од различни земји од светот, се раѓаат нови партнерства што се предуслов за аплицирање и во разни интернационални проекти“, рече Адеми.

Министерот потенцираше дека Министерството за образование и наука ја поддржува научно - истражувачката дејност инвестирајќи во развојот на научната мисла преку доделување на финансиска средства на авторите на научни трудови. И тоа преку така наречени „научни субвенции“ и „творечки субвенции“ во висина од 30.000 денари кои се доделуваат за трудови на автори од Република Македонија, објавени во меѓународни списанија со фактор на влијание.

„На високообразовните установи и на научните институти инсталирани се лаборатории опремени со најсофистицирана опрема, во кои научниците можат да истражуваат и да дојдат до нови откритија. Исто така, Република Македонија од 1 јули 2014 година е потписник на Договор за учество во Програмата на Унијата „Хоризонт 2020“ – Рамковна програма за истражување и иновации (2014-2020), со што се отвора уште една огромна можност за развој на научно истражувачката дејност во нашата држава. Министерството за образование и наука води и Регистар за запишување на субјекти кои вршат научно- истражувачка дејност“, рече Адеми.

Тој додаде дека министерството е подготвено да биде во функција на албанскиот кадар кој е ангажиран на универзитетите низ светот, со цел да можат да предаваат и на нашите универзитети.

“Своите искуства да ги донесат кај нас, односно да станат мост меѓу универзитетите, за кое ангажирање ние ќе обезбедиме финансиска поддршка за сите кои ќе доаѓаат да предаваат во нашите универзитети, без притоа да ги ризикуваат работните места каде што се ангажирани“, потенцираше Адеми.

На крајот од своето обраќање пред присутните се осврна и на дел од можностите кои Владата на Република Македонија им ги нуди на студентите и наставниците.

Особено ја издвојувам финансиската поддршка или доделување на стипендии за студентите кои ќе успеат да се запишат на некој од 100те најдобри универзитети во светот. Значи за сите студенти кои ќе се запишат на овие универзитети на сите циклуси на студии Министерството за образование и наука обезбедува стипендии според реалните трошоци, каде што се вклучуваат трошоците за упис и пријавување на испити, месечните трошоци за сместување и авионски билет двапати годишно од државата каде што студираат и обратно. Единствен услов на студентот или кандидатот е да се запишат на било кој од најдобро рангираните универзитети. А добитници на стипендијата можат да станат и наставниците од основните и средните училишта кои ќе успеат да се запишат на некој од 200те најдобри универзитети во светот“, истакна Адеми.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook