Денес, во О.У „Мехмет Дерала“ село Градец, општина Врапчиште почна изградбата на нова спортска сала. Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми кој беше присутен на чинот на поставување камен-темелник, истакна дека овој проект ќе се реализира во рок од шест месеци и е во износ од 34 милиони денари.
- Проектот за изградба на оваа сала е изработен во согласност со стандардите за ваков вид на спортските сали, каде што освен простории за спортски активности исто така ќе има и трибина, простор под трибина, санитарни јазли, гардероба и простории за други спортски активности, рече министерот.
Адеми истакна дека спортската сала ќе биде опремена со најсовремена опрема за спортување.
Министерот Адеми додаде дека инвестирањето во образованието и понатаму останува приоритет на Владата на Република Македонија и има за цел да се создадат подобри инфраструктурни услови за зголемување на квалитетот за следење на воспитно образовниот процес.
- Продолжуваме со нашите проекти кои ги имаме изработени во Министерството за образование и наука односно во Владата на Република Македонија. Сакам да истакнам дека во моментов во тек е реконструкција на седум училишни објекти, а во текот на овој и следниот месец ќе започнеме со реконструкција и на 30 други училишни објекти на целата територија на нашата земја. Исто така освен спортската сала во с. Градец се градат уште осум други сали во Липково, Речица, Желино во средното економско училиште во Тетово и други места, рече во својот говор министерот Адеми.
Тој ги потенцираше и инвестициите во високото образование.
- Прв пат оваа година со средствата обезбедени од буџетот, освен Државниот универзитет во Тетово се финансира и Универзитетот на Југо-источна Европа и Факултетот за исламски науки во Скопје“, истакна Абдилаќим Адеми.
Заменик претседателот на Владата Муса Џафери истакна дека изградбата на спортската сала е доказ дека Владата на Република Македонија продолжува со реализација на проекти од различни области, кој има за цел да се создадат подобри услови за граѓаните.
Џафери истакна дека ДУИ како дел од Владата ги реализира ветувањата дадени пред електоратот и целосно ќе ја реализираме заедничката владина програма.
На настанот, кој беше организиран по повод 14 - годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, присуствуваа заменик претседателот на Владата Фатмир Бесими, министерот за правда Аднан Јашари, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалникот на општина Врапчиште, Бајрам Кадрија, пратеници, директори и други функционери од локалната и централната власт.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook