Министерот за образование и наука М-р Абдилаќим Адеми, денес (четврток, 02.07.2015) потпиша договор за соработка во областа на образованието и науката со Министерот за образование и спорт на Република Албанија, Линдита Никола и со Министерот за образование и технологија на Република Косово, Арсим Бајрами.

Договорот е потпишан во рамките на четвртиот министерски состанок „Платформа за образование и обука на Западен Балкан“ кој што се одржува во Валона - Република Албанија, организиран од Европската комисија, каде што учествуваат министрите за образование од земјите од регионот.
По потпишувањето , министерот Адеми истакна дека со овој договор се продлабочува соработката во областа на образованието и науката со Република Албанија и со Република Косово.

„Од голема важност е потпишувањето на овој договор во рамките на министерскиот состанок на земјите од регионот, каде што ние како две држави изразуваме желба и интерес за понатамошна соработка. Договорот ја опфаќа соработката во областа на образованието и науката, кои се движат во насока на размена на искуства помеѓу двете држави, продлабочување на соработката во размена на литература, но и можноста за заедничка соработка на институциите на нашите земји со цел да се искористат европските проекти кои се важни за развој на образованието и научните истражувања“, - истакна министерот Адеми по потпишувањето на договорот со министерот за образование на Република Косово.

Додека министерот за образование на Косово, Арсим Бајрами истакна дека со овој договор ќе се интензивира соработката во областа на образованието со Република Македонија. За Косово потпишувањето на договорот е од голема важност бидејќи за прв пат се потпишува еден ваков договор со Република Македонија.

Во рамките на четвртиот министерски состанок во Валона, министерот Адеми оствари и билатерална средба со директорот на Генералниот директорат за образование и култура на Европската Комисија, Хавиер Пратс Моне.

На овој состанок, македонската делегација предводена од министерот Адеми го презентираше напредокот на земјата за имплементација на Стратегијата за иновации, стратегијата за стручно образование, концептот за неформално образование и имплементација на Програмата на ЕУ за образование, обука, млади и спорт ЕРАЗМУС ПЛУС.

Министерот Адеми во рамките на министерскиот состанок исто така оствари и други билатерални средби.

 

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook