Врз основа на Јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” во рамки на истоимениот проект, чијашто цел е зголемување на безбедноста и хигиената во училиштата, Министерството за образование и наука во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, избраа три основни и две средни, најбезбедни и најчисти училишта во Република Македонија за учебната 2014/2015 година.

Изборот на најбезбедно и најчисто училиште го изврши стручна комисија, формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнати апликации и увид во самите училишта.

Во конкуренција на 18 основни училишта, за најбезбедни и најчисти училишта избрани се: ОУ „Владо Кантарџиев“ – општина Гевгелија - прво место; ОУ „Климент Охридски“ - с.Драчево, општина Кисела Вода - второ место и ООУ „Климент Охридски“ – општина Македонски Брод - трето место.

Во категоријата на средни училишта пристигнаа 6 апликации, меѓу кои за најбезбедни и најчисти училишта избрани се: СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје - прво место и СУГС „Никола Карев“ – Скопје - второ место.

За избраните училишта ќе следуваат соодветни награди, обезбедени од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Министерството за образование и наука и Мисијата на ОБСЕ во Скопје им се заблагодаруваат на сите училишта кои се пријавија на Јавниот повик и активно се вклучија во промовирање на идејата за „Најбезбедно и најчисто училиште“ и им го честитаат постигнатиот успех.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook