Во Република Македонија во учебната 2014/2015 година деветто одделение завршија вкупно 21 876 ученици. Согласно измените на Законот за средно образование, средното образование од учебната 2008/2009 година е задолжително за сите ученици. За таа цел се обезбедени доволен број на слободни места, вкупно 35 443 ученички места во сите јавни средни училишта во Република Македонија.

Првото пријавување во првиот уписен рок во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година беше на 22 и 23 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места се објавија на 24 јуни 2015 година.

Од извештаите за бројот на пријавени, запишани ученици, како и бројот на слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок, од јавните средни училишта во Република Македонија добиени се следниве податоци :

• Уписот во гимназиско образование е завршен во:

  •  СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Град Скопје;
  •  СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Град Скопје;
  •  СУГС „Зеф Љуш Марку“ - Град Скопје;
  •  СУГС „Георги Димитров“ – Град Скопје;
  •  СУГС „ Раде Јовчевски Корчагин“ – Град Скопје и
  •  СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола.

• Уписот во стручно образование е завршен во:

  • СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица, во здравствена струка;
  • СОУ „Наце Буѓони“ – Куманово во здравствена струка за паралелките на албански наставен јазик;
  • СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, во здравствена струка;
  • СМУГС „ Д-р. Панче Караѓозов“ – Скопје, во здравствена струка и тоа за образовните профили: медицинска сестра на македонски и албански наставен јазик, забен техничар и фармацевтски лабораториски техничар на албански наставен јазик и физиотерапевтски техничар на македонски наставен јазик;
  • СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија во угостителско – туристичка струка за образовниот профил хотелско туристички техничар;
  • СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани во сообраќајна струка за образовниот профил техничар за транспорт и шпедиција;
  • СУГС „Цветан Димов“ – Скопје, во економско, правна и трговска струка за образовниот профил продавач;
  • СУГС „Лазар Танев“ – Скопје, во угостителско – туристичка струка за образовниот профил угостителски техничар;
  • СОУ „Нико Нестор“ – Струга, во економско, правна и трговска струка за образовниот профил економски техничар на македонски наставен јазик;
  • СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип, во угостителско - туристичка струка за образовниот профил келнер – готвач.

Во првиот уписен рок во првото пријавување вкупно се пријавија 17 948 ученици од кои:

  •  12 629 ученици за настава на македонски наставен јазик,
  •  4 863 ученици за настава на албански наставен јазик,
  •  284 ученици за настава на турски наставен јазик,
  •  172 повторувачи.

 

Во првиот уписен рок во првото пријавување вкупно се запишаа 12 007 ученици од кои:

  • 8 893 ученици за настава на македонски наставен јазик,
  • 2 839 ученици за настава на албански наставен јазик,
  • 107 ученици за настава на турски наставен јазик
  • 168 повторувачи.

 

СПОРЕД ВИДОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Запишани се вкупно:

• 5 416 ученици во гимназиско образование од кои:

  • 3 956 ученици на македонски наставен јазик,
  • 1 234 ученици на албански наставен јазик,
  • 87 ученик на турски наставен јазик,
  • 139 повторувачи.

• 6 405 ученици во стручно образование од кои:

  • 4 809 ученици на македонски наставен јазик,
  • 1 552 ученици на албански наставен јазик,
  • 20 ученици на турски наставен јазик и
  • 24 повторувачи.

• 186 ученици во спортска гимназија од кои:

  • 128 ученици на македонски наставен јазик,
  • 53 ученици на албански наставен јазик,
  • 5 повторувачи.


Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок има за вкупно 23 017 ученици од кои:

  • 15392 слободни места за настава на македонски наставен јазик,
  • 6 728 слободни места за настава на албански наставен јазик,
  • 845 слободни места за настава на турски наставен јазик,
  • 34 слободни места на српски наставен јазик и
  • 18 слободни места за повторувачи.


Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок, според видот на образованието:

• 5 635 слободни места во гимназиско образование, од кои:

  • 3 488 за ученици на македонски наставен јазик,
  • 1 790 за ученици на албански наставен јазик,
  • 321 за ученици на турски наставен јазик,
  • 34 за ученици на српски наставен јазик и
  • 2 повторувачи.

• 17 330 слободни места во стручно образование, од кои:

  • 11 867 за ученици на македонски наставен јазик,
  • 4 933 за ученици на албански наставен јазик,
  • 524 за ученици на турски наставен јазик и
  • 6 за повторувачи.

• 52 слободни места во спортска гимназија, од кои:

  • 37 за ученици на македонски наставен јазик,
  • 5 за ученици на албански наставен јазик.
  • 10 за повторувачи.

Во вкупниот број на запишани ученици и слободни места за второто пријавување, не е пресметан бројот на учениците од средните музички училишта и средното училиште за применета уметност бидејќи учениците во тие училишта полагаат дополнителни испити.


Слободни места за запишување на ученици за второто пријавување во првиот уписен рок има во сите општини и Градот Скопје во Република Македонија. Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се реализира на 29 јуни и 30 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2015 година.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook