Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека согласно објавените распореди на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, денес во 9:30 часот започна процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на вкупно 43.613 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование.

Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, процесот се реализира непречено и согласно акцискиот план и дефинираната динамика, при што, заклучно со 12:00 часот истиот е целосно заокружен во 103 основни и средни училишта. До овој момент нема пријави за технички или проблеми од каква било друга природа.

Во контекст на натписите во дел од медиумите посветени на прашањата кои се дел од процесот на екстерното тестирање на учениците, апелираме на понатамошна коректност во информирањето и елиминирање на сите обиди за нивно квалификување како нелогични и несоодветни за учениците на одредена возраст, или пак, во краен случај додавање на политичка конотација на содржината.

Би сакале да информираме дека сите прашања коишто се дел од процесот на екстерното тестирање се изведени и изготвени согласно наставните планови, програми и цели. Истите се прилагодени на возраста на учениците и развојните карактеристики на соодветната возраст.

Дополнително, прашањата се јавно објавени еден месец пред почетокот на тестирањето, при што достапна е и можноста за секое прашање доколку некој од учениците или било кој граѓанин забележи извесна грешка од техничка или друга природа, која е возможно да постои имајќи ја во предвид количината на прашањата, да пријави со само еден клик на апликацијата/прозорчето поставено веднаш до секое прашање на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

Доколку во меѓувреме додека трае тестирањето се констатира извесна потреба од корекција на прашање, информираме дека ниту еден ученик нема да биде оштетен со одземање на бодови при оценувањето, туку напротив, тоа прашање нема да се земе во предвид при формулирањето на конечната оценка од тестот.

Потсетуваме дека екстерната проверка на постигањата на знаењата на вкупно 183.280 ученици и проверка на објективноста на оценувањето на 17.803 наставници по 7.560 предмети, започна на 2.6.2015 година и ќе трае заклучно со 10.6.2015 година. Резултатите ќе бидат објавувани етапно, при што, поради претстојните уписи во задолжителното средно образование, предност ќе имаат деветто одделенците.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook