Министерот за образование и наука на Република Македонија, Абдилаќим Адам денес оствари средба со министерот за социјална политика и млади на Република Албанија, Ерион Велиај, кој се наоѓа во официјална посета на нашата земја.
На средбата, двајцата министри разговараа за соработката во сферата на образованието, односно за стручното образование и за сите полиња од заеднички интерес.
"Разговаравме за различни прашања кои се важни за двете земји со посебен акцент на стручното образование како сектор кој е многу важен за создавање на кадри со потребни и соодветни вештини за вработување во приватниот сектор. Заедно констатиравме дека има потреба од продлабочување на соработката во образованието, бидејќи размената на искуствата на двете држави е неопходна и тоа е многу важно за нас", рече министерот Адеми по средбата.
Министерот за социјална политика и млади на Република Албанија, Ерион Велиај исто така истакна дека е важно продлабочувањето на соработката во областа на образованието. Тој рече дека Албанија постигнала голем пресврт во однос на стручното образование и дека во тој контекст потребна е и соработката со земјите од регионот.
„Тоа што Албанија се движи многу брзо, во споредба со своите соседи, е како резултат на прочистувањето на текстовите од неточни податоци и ние се поддржуваме еден со друг тоа да продолжи и во Македонија", рече министерот Велиај.