Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на свечената академија по повод 7 Март, денот на наставата на албански јазик.

- Денес по 128 години, можеме гордо да им кажеме на нашите предци, Ви благодариме, што ни овозможивте да се образуваме на мајчин јазик. Нашите учители го негуваат јазикот, без кој секој народ е без идентитет, соголен и без душа. Јазикот е нешто што мора да го чуваме и да го пренесуваме на нашите деца, кои и покрај странските јазици, треба да го знаат и мајчиниот – албанскиот, истакна министерот Адеми.

Образованието, потенцираше Адеми, е нашата определба, бидејќи само така еден народ економски може да се издигне.

- Инвестициите во образованието, не запираат откако ќе се изгради нова училишна зграда, не завршува со реконструкција на училиште. Инвестирањето во образованието значи и постојано надградување на знаењето на наставниците, следење на светските трендови, како и нивно имплементирање во образовниот систем. Ние инвестираме и ќе продолжиме со инвестициите во образованието на мајчин јазик, со цел нашите ученици да бидат на исто рамниште со нивните колеги од светот, додаде Адеми.

Министерот Адеми, на припадничките на понежниот пол им го честита Меѓународниот ден на жената, 8 Март, а на наставниците им го честита денот на наставникот 7 Март.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook