Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми и  министерот за наука, образование и спорт на Република Хрватска, проф. д-р Ведран Морнар, денеска потпишаа „Програма за соработка помеѓу Министерството за наука, образование и спорт на Република Хрватска и Министерството за образование и наука на Република Македонија во областа на науката, технологијата и образованието за периодот од 2015 до 2018 година“.  Во оваа прилика, Адеми истакна дека  Програмата се однесува на соработка помеѓу двете министерства на повеќе полиња.

„Програмата предвидува во овие три години соработката во областа на науката и технологијата да се реализира преку кофинансирање на билатерални проекти, при што, предност согласно искажаните интереси на двете страни ќе имаат проектите во земјоделството, сеизмологијата, медицината, ветеринарството, математиката и информатиката“, рече Адеми.

Министерот додаде дека продолжува  размената на позитивните искуства и во областа спортот, основното, средното и секако високото образование, каде приоритет е воспоставување на директна соработка меѓу високообразовните  установи на двете земји.

Повеќе слики тука.