Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, заедно со градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта и претставници на Нансен дијалог центарот од Скопје, денеска ги посети ООУ „Гоце Делчев“ и ССУ „Гостивар“, во општина Гостивар.

Целта на посетата на основното училиште беше  одбележувањето на почетокот на „Нансен модел за интегрирано образование“.
Адеми истакна дека овој проект ќе придонесе за поголема комуникација и дружење меѓу учениците од различните етнички заедници, бидејќи само преку заеднички активности на децата, можат да се надминат невидливите бариери кои стојат меѓу нив.
Во ССУ „Гостивар“, Адеми присуствуваше на свеченото отворање на кабинетот за практична настава по стручни предмети, опремен со најсовремена електротехничка опрема, која е донација на средното училиште „Кубен“ од Осло, Норвешка.

- Оваа современа лабораторија ќе го подигне нивото на квалитет на практичната настава, а со тоа и да се зголеми интересот на учениците за избраните струки. Со вакви проекти, ги поттикуваме учениците да ги избираат техничките струки за изучување, бидејќи на тој начин полесно ќе наоѓаат работа. Ние веќе работиме заедно со Нансен Дијалог Центарот на проекти за модернизација на стручните училишта, изјави министерот Адеми.

Градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта искажа балагодарност за укажаната доверба и притоа нагласи дека администрацијата со сите капацитети ќе настојува на подобрување на условите во образованието.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook