Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на потпишувањето на договор за соработка помеѓу Мастрихт Факултетот за Бизнис и Универзитетот Американ Колеџ Скопје - Факултетот за деловна економија и организациони науки. Со потпишувањето на овој договор, Република Македонија станува партнер во глобалната мрежа наречена MEUSE INSTITUTE, чија мисија е да се промовира одржлив и етички бизнис, бизнис образование и бизнис иновацијата во брзорастечките и економиите во развој, истакна Адеми.

„Денешниот Договорот го означува почетокот на соработката на двата универзитета, и отпочнување на МБА програма во Скопје, која што е акредитирана од страна на три различни акредитациони тела - АЦБСП, АМБА и ИАЦБЕ, што е уверение за високиот квалитет на програмата рангирана меѓу најпрестижните во Европа, а и во светот. МБА програмата се остварува во петнаесетина држави ширум светот, што ја прави навистина глобална, со искуства што се добиваат од сите центри за потоа да бидат интегрирани во образовниот процес“, рече Адеми.

Мастрихт Факултетот за Бизнис е рангиран во ТОП 50 Универзитети, додека во делот на општествени науки е рангиран на 76 место во светот според Шангајската листа.

„Со тоа се отвора можност за сите наши студенти кои ќе се запишат на програмата во Скопје да аплицираат за стипендиите кои ги нудат Владата и Министерството за образование и наука за студирање на првите 100 Универзитети според Шангајска листа“, рече Адеми.

На Мастрихт Факултетот за менаџмент студираат студенти од повеќе од 30 националности, а се изведува партнерска настава на четири континенти во 16 различни земји, меѓу кои и Република Македонија.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook