Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска, во просториите на ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, присуствуваше и им се обрати на присутните на свечениот настан по повод одбележувањето на педесет и пет години од полонистиката во Македонија.

Заменик министерот Ристовски го истакна значењето на повеќе децениската размена на искуства, позитивни пракси и поддршка во областа на образованието меѓу двете земји, која минатата година беше засилена со потпишувањето на Спогодба меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерот за наука и високо образование на Република Полска за соработка во областа на науката и високото образование.

„Оваа спогодба отвори многу нови можности за соработка преку школување на студенти, докторанти, усовршување на академските наставници на двете земји, како и преку размена на научни работници и експерти. Од особено големо значење е обостраната подготвеност за поддршка на изучувањето на полскиот јазик и полската култура на македонските високообразовни установи и македонскиот јазик и македонската култура на полските високообразовни установи “ истакна во оваа прилика Ристовски, кој на присутните им го честиташе овој голем јубилеј.

На денешната свеченост се обратија и ректорот Велимир Стојковски, амбасадорот на Република Полска во Република Македонија Јацек Мултановски и проректорот на Шљонскиот универзитет од Полска проф. д-р Ришард Козиолек.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook