Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на Саемот на студии во Франција и франкофонски студии во регионот. Саемот на кој ќе бидат претставени  француските универзитети и  универзитетите од Балканот на кои има франкофонски студии, го отвори амбасадорката на Франција  Лоренс Оер.

„Овој саем им овозможува на учениците и на студентите, на професорите и на родителите да се сретнат со бројни претставници на француски универзитети и високи школи и да добијат информации за различните студиски програми кои ги нудат француските високообразовни институции, процедурите за упис, програмите за стипендии и да добијат одговори на практичните прашања во врска со студентскиот живот“, рече Адеми.

Адеми истакна дека Саемот е одлична можност студентите одблизу да се запознаат со начинот на студирање во Франција, и да добијат информации кои ќе помогнат  да донесат одлука, дали студирањето ќе го продолжат во Република Македонија, или  во Франција.

„Се надевам дека ќе го одберете најдоброто за Вас и Вашата иднина, а ние како Министерство за образование и наука Ви стоиме на располагање, бидејќи како што знаете Владата на Република Македонија и Министерството доделуваат стипендии за додипломски, постдипломски и докторски студии на првите 100 универзитети во светот, според Шангајската листа, на која се наоѓаат и универзитети од земјата организатор на овој саем“, рече Адеми.

Преку оваа манифестација, Македонија станува дел  од Регионалниот патувачки саем на студии во Франција кој посетува повеќе земји меѓу кои се  Бугарија, Србија, Босна и Црна Гора.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook