Министерството за образование и наука и оваа година доделува 40 стипендии во износ од 500 евра, за доквалификација на постдипломско ниво, преку програмите на Академијата за менаџери, каде предаваат реномирани професори од престижната високо образовна установа, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, односно СИТИ Колеџот лоциран во Солун.

25 од стипендиите се за модулот “Стратешки маркетинг” во рамки на смеровите “Стратешки Менаџмент” и “Стратешки Маркетинг”, а 15 стипендии за модулот “Балканската економска средина во банкарството и финансиите“ во рамки на смерот  “Финансии“. Конкурост за стипендиите е објавен денеска, на интернет страниците на МОН и Академијата.

“Продолжува поддршката на бизнис заедницата со цел продуцирање уште подобри, поуспешни кадри кои ќе овозможат поголема конкурентност и оперативност. Ги охрабрувам сите граѓани кои сметаат дека им е потребна надградба на нивното теоретско и практично знаење во конкретните области, да аплицираат и да ја искористат оваа бесплатна можност што ја нудат МОН и Академијата за менаџери“, рече заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешната прес конференција во Сојузот на стопански комори.

За апликациите на конкурсот кои заедно со потребните документи се доставуваат до МОН, ќе одлучува координативно тело формирано од претставници на Министерството, Сити колеџот, Сојузот на стопански комори и Академијата. Избраните кандидати ќе следат предавања организирани еден викнед во ноември или декември, зависно од модулот, во времетраење од 22 часа. Секој што успешно ќе заврши, стекнува сертификат од Меѓународниот факултет на Шефилд - СИТИ Колеџ.

Во изминатите две години преку 250 македонски граѓани од различни стручни профили вработени во приватниот и јавниот сектор, се доквалификуваа на Академијата за менаџери.

Конкурсот е објавен тука.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook