Министерството за образование и наука за учебната 2014/2015 година, доделува 745 стипендии за учениците кои учат во јавните и приватните училишта. Стипендиите се поделени во 6 категории и тоа: 400 стипендии за социјална поддршка на учениците; 80 стипендии за ученици со статус на деца без родители; 50 стипендии за ученици со посебни потреби; 150 стипендии за талентирани ученици - спортисти; 50 стипендии за талентирани ученици, од кои 45 се за учениците од јавните училишта, а 5 за учениците кои учат во приватни училишта, и 15 стипендии за ученици од угостителско - туристичката струка, истакна министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми.

„Правото да добијат стипендија имаат редовните ученици во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија. Услови кои треба да ги исполнуваат се: да не повторувале ниту една година во текот на школувањето, да не користат стипендија од друга институција или фирма и да се државјани на Македонија. Покрај општите услови, за секој тип на стипендија има дополнителни услови кои секој од кандидатите мора да ги исполни за да се стекне со правото на користење на паричен надоместок во вид на стипендија“, рече Адеми.

Учениците кои ќе конкурираат за стипендија за социјална поддршка, во текот на школувањето мора да имаат успех поголем од 4,00. Исто така, во предвид ќе се земе и материјалната состојба на потесното семејство на кандидатот, како и евентуално добиените награди од на државни или меѓународни натпревари.Критериум за стипендија за ученици со статус деца без родители, е ученикот да има континуиран успех повисок од 3,50, како и да приложи потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители.3,00 треба да биде просечниот успех за доделување стипендија за категоријата ученици со посебни потреби.Кандидатите – талентирани спортисти треба да имаат просечен успех од најмалку 4,00. Исто така при бодувањето ќе се земат во предвид и освоените награди на државни или меѓународни натпревари од областа на спортот.Одличен 5,00 треба да биде успехот кој во текот на образованието го постигнале кандидатите кои ќе аплицираат за стипендии за талентирани ученици. И овие ученици треба да имаат освоено награди во поединечна категорија на државни или меѓународни натпревари. Просечен успех од 3,50 е услов за добивање стипендија за учениците од угостителско – туристичка струка. Исто така тие треба да имаат освоено I, II или III место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на угостителството и/или туризмот.

„По 2.700 денари месечно стипендија ќе добиваат учениците спортски таленти и талентираните ученици. 2.500 денари изнесува стипендијата за децата без родители и за учениците со посебни потреби, а по 2.000 денари стипендијата за социјалните категории и за угостителско- туристичката струка. Стипендиите се доделуваат во текот на девет месеци во годината“, рече Адеми.

Сите дополнителни информации, заинтересираните кандидати, можaт да ги најдат на порталот konkursi.mon.gov.mk, каде што е поставена електронската пријава. Рокот за аплицирање е од 7-ми до 21-ви ноември. Резултатите ќе бидат објавени на порталот stipendii.mon.gov.mk на 29-ти ноември.

 

Конкурс за доделување 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка за 2014/15

Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за талентирани ученици за 2014/15

Конкурс за доделување 150 (стоипедесет) стипендии за талентирани ученици - спортисти за 2014/15

Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици со посебни потреби за 2014/2015

Конкурс за доделување 80 (осумдесет) стипендии за ученици – деца без родители за 2014/2015

Конкурс за доделување стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струкa 2014/15

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook