Министерството за образование и наука согласно член 7 став 4 од Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот за време на вонредна состојба, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 157/20) објавува

Повик за изразување на интерес за запишување во Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и обуки за дигитални вештини

Повикот се објавува согласно Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот за време на вонредна состојба а во него се уредува кои правни лица можат да се јават како даватели на обуки за дигитални вештини согласно.

Даватели на обуки за дигитални вештини можат да бидат правни лица кои се:

- регистрирани во Република Северна Македонија и

- запишани на Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и обуки за дигитални вештини која ја води Министерството за образование и наука (во натамошниот текст: Листата).

Давателите на обука може да достават дополнителна документација со која ќе ја потврдат соодветноста и квалитетот на обуката согласно потребите за дигитални вештини на пазарот на трудот, како на пример: програма за обуката и времетраење, листа на предавачите и нивни резимеа, веб адреса каде можат да се добијат повеќе информации за предложената обука, портфолио на давателот на обуки каде се гледа предложената обука, јазик на изведување на обуката, начин на изведување на обуката (тек на наставата, тестирање, сертификација и сл.), техничко-технолошки услови за спроведување на обуката.

Дигитални вештини за кои можат да се спроведат обуки се:

- управување со софтверски апликации и хардверски компоненти;

- напредно програмирање;

- употреба на дигитални технологии чија цел е управување со средства за електронска комуникација и пренос на информации и средства за електронска комуникација; и

- други поврзани вештини преку кои се овозможува употреба на информациско комуникациски технологии.

Начин на пријавување – (Упис во Листата)

Барање за упис во Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и на обуки за дигитални вештини, правните лица го поднесуваат преку Порталот. Барањето го поднесува овластеното лице во правното лице преку својот кориснички профил на Националниот портал за електронски услуги на основно ниво на сигурност, согласно Пра-вилникот за начинот на проверка на идентитетот на корисникот при поднесувањето на барањето по електронски пат со користење на единствената околина („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19).

Барањето содржи податоци за барателот и за обуките кои барателот планира да ги обезбеди.

По евалуацијата, во рок од 10 дена од истекот на рокот за пријавување на правните лица, Дигиталниот форум врши упис на правните лица во Листата.

Известувањето за извршениот упис се испраќа на корисничкиот профил на Порталот на овластеното лице во правното лице преку кое е поднесено барањето за упис.

По доставата на ова известување, Министерството за образование и наука на правното лице му испраќа типски договор за регулирање на меѓусебните права и обврски кои произлегуваат од Уредбата. Договорот Министерството за образование и наука го доставува на електорнската адреса на правното лице. Реализација и исплата на ваучерите.

Ваучерите се реализираат (односно се евидентираат како искористени) во периодот помеѓу 15 август 2020 година и 15 декември 2020 година, на самиот почеток на обуката.

Министерстото за образование и наука ги исплаќа ваучерите на давателите на обуки за дигитални вештини согласно Уредбата. За да им бидат исплатени ваучерите, давателите на обуки потребно е да достават до Министерството:

- извештај за одржани обуки за стекнување со дигитални вештини

- фактура и

- доказ (диплома/сертификат/потврда) дека корисниците на ваучери успешно ја завршиле обуката за дигитални вештини.

- ако обуката е со траење подолго од 15 декември 2020 година, за да се исплатат средствата на давателот на обуки за дигитални вештини, давателот на обуки задигитални вештини до Министерството за образование и наука доставува извештај дека младото лице корисник на ваучерот успешно ја следи обуката

Исплатата се врши на следниот начин:

- почнувајќи од 5-ти во тековниот месец за фактурите доставени во текот на претходниот месец

- за искористените ваучери во период од 1 декември 2020 година до 15 декември 2020 година исплатата, фактурите треба да се достават до 18 декември и исплатата ќе се изврши до 25 декември 2020 година

Рок за поднесување на барање

Правните лица барањето за упис во Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и на обуки за дигитални вештини, можат да го поднесат најдоцна до 08 јули 2020 година.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook