Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на РМ„ бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува


ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС
за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници за I година средно стручно четиригодишно образование


Авторски тимови ќе се формираат за следните наставни предмети:

- Физика (Електротехничка струка, Градежно-геодетска струка, Графичка струка, Хемиско-технолошка струка, Лични услуги, Машинска струка, Сообраќајна струка, Шумарско-дрвопреработувачка струка, Здравствена струка, Земјоделско-ветеринарна струка) за I година средно стручно четиригодишно образование,
- Биологија (Здравствена струка, Земјоделско-ветеринарна струка, Лични услуги, Хемиско-технолошка струка, Шумарско-дрвопреработувачка струка) за I година средно стручно четиригодишно образование и

СЕКТОР/СТРУКА: ЛИЧНИ УСЛУГИ

Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: техничар за очна оптика, техничар за козметичка нега и убавина

Ред. број

Назив на предметот

1

Лични услуги и други сектори на квалификација за I година

 

 

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим  до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 30.06.2020 година. (пријавата може да се преземе од следниот линк).

Кон пријавата авторите од авторскиот тим задолжително треба да достават:


- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),
- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

Министерството за образование и наука известува дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook