Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на РМ„ бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува


ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС
за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници за I година средно стручно четиригодишно образование


Авторски тимови ќе се формираат за следните наставни предмети:

- Математика (Геолошко-рударска и металуршка струка, Градежно-геодетска струка, Графичка струка, Економско-правна и трговска струка, Електротехничка струка, .Лични услуги, Машинска струка, Сообраќајна струка, Текстилно-кожарска струка, Угостителско-туристичка струка и Хемиско-технолошка струка) за I година средно стручно четиригодишно образование, 

6. СЕКТОР/СТРУКА: ГРАДЕЖНИШТВО И ГЕОДЕЗИЈА/ ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА

6.1. Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: архитектонски техничар, техничар дизајнер за внатрешна архитектура, геодетски техничар и градежен техничар

 

Ред. број

Назив на предметот

1

Нацртна геометрија

 

 

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим  до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 30.06.2020 година. (пријавата може да се преземе од следниот линк).

Кон пријавата авторите  од авторскиот тим задолжително треба да достават:

- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија), 

- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

 

Министерството за образование и наука  известува дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование. 

 

 

 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook