Московскиот Државен институт за меѓународни односи ( МГИМО ) при Министерството за надворешни работи на Руската Федерација е спремен да прими едно лице од Северна Македонија на прва година на институтот за учебната 2020/2021 година согласно одлуката на Претседателот на Руската Федерација.

Во согласност со наредбата на Министерството за наука и високо образование на Руската Федерација од 3 април 2020 година број 547, доставувањето на документите до комисијата за прием на странски државјани во 2020 година ќе се врши исклучиво во електронска форма.
Почнувајќи од 27 април 2020 година, апликантите можат самостојно да го пополнат основниот формулар за регистрација.

Формуларот за регистрација се наоѓа на следниот линк: 
https://abiturient.mgimo.ru/foreigners/foreigners-bac 

За да достават документи до комисијата за прием на странски државјани, апликантите треба:

1) Самостојно да ги префрлат во електронска форма потребните документи за прием преку скенирање или фотографирање, истовремено обезбедувајќи читливост на текстот. Списокот на потребни документи се наоѓа на оваа страница подолу.

2) Документите во електронска форма ќе се примаат од 15 јули 2020 до 15 август 2020 година (вклучително).
Начинот на испраќање документи во електронска форма ќе биде објавен подоцна.

3) Почекајте ја пороверката на документите и добијте потврда за нивното прифаќање преку е-пошта.

Апликантот ги пренесува во електронски формат со скенирање или фотографирање следните документи:

1) Документ за идентификација: скен или фотографија од првата страница од пасошот и нотарска заверка на првата страница од пасошот.

2) Документ за образование со додаток, каде што се наведени предметите и завршните оценки, како и заверени нотарски преводи (ако сертификатот е на руски атестат, тогаш не се потребни нотарски заверки). Пред да ги поднесете документи, важно е да проверите дали на документот за образование од вашата земја му е потребна конзуларна легализација или апостил.

3) Медицински документи:

1. Потврда со податоци за хронични болести (образец 086-U),
2. Сертификат за отсуство на ХИВ инфекцијата,
3. Резултат од истражување за RW (сифилис),
4. Резултат од истражување за хепатит Б тест,
5. Медицински извештај за примени вакцини, заверен со печат на медицинска установа со датуми на вакцинација,
6. Заклучок за рендгенско флуорографско испитување.

4) Фотографија во електронска форма:

1. Црно бела или во боја,
2. Лицето треба да биде во центар,
3. Позадината светла.

Приемните испити на руски и странски јазик за апликантите во 2020 година ќе се одржат дистанционо, после 15 август. Датумите за испити ќе бидат објавени подоцна!

Информации за работата на изборната комисија за магистратура може да се најдат на: http://master.mgimo.ru/
Сите потребни информации за кандидатите се објавени на сајтот: www.mgimo.ru и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел: +74952348490.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook