Врз основа на член 45 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19), Министерството за образование и наука објавува

Ј А В Е Н  П О В И К
за доделување на парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, на ученикот, на наставникот кој му го предава предметот од овие области, како и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот

1. Услов за учество
На Јавниот повик за доделување на парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, на ученикот, на наставникот кој му го предава предметот од овие области, како и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот може да се пријават:
- ученици - државјани на Република Северна Македонија, запишани во основно училиште на територијата на Република Северна Македонија, 
- наставник - државјанин на Република Северна Македонија, вработен во основно училиште на територијата на Република Северна Македонија, кој му го предава предметот од овие области на ученикот и го подготвувал ученикот за натпреварот, и
- менторот - државјанин на Република Северна Македонија, кој го подготвувал ученикот за натпреварот,
а кои освоиле прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните одржан во учебната 2019/2020 година. 
Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави, на кој се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различните држави, се врши рангирање на најдобрите ученици од сите земји кои учествуваат.
Министерството за образование и наука за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки доделува парична награда согласно член 45 ставови (1), (2)и (3) од Законот за основното образование. Доколку на меѓународниот натпревар има повеќе ученици кои освоиле прва, втора или трета награда, односно има повеќе ученици кои освоиле златен, сребрен или бронзен медал, се доделува парична награда само на оние ученици кои се рангирани на прво, второ или трето место, односно за првите три ученици кои имаат освоено најмногу бодови согласно ранг листата од меѓународниот натпревар. Доколку на ранг листата има двајца или повеќе ученици кои освоиле прва, втора или трета награда и се со ист број на бодови, Министерството ќе додели парична награда за сите ученици со ист број на бодови. 
2. Начин и рок на пријавување
Ученикот, заедно со наставникот кој му го предава предметот во училиштето и менторот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави Пријава со која во прилог ги доставува и следните документи:
(симни Пријава)
- Уверение за државјанство за ученикот во оригинал или копија заверена на нотар,
- Уверение за државјанство за наставникот во оригинал или копија заверена на нотар,
- Уверение за државјанство за менторот во оригинал или копија заверена на нотар,
- Потврда дека е запишан како редовен ученик во основно училиште во учебната 2019/2020 година; 
- Потврда за наставникот дека е вработен во основно училиште;
- Потврда за менторот дека е вработен од установата каде што работи
- Фотокопија од диплома, пофалница, односно сертификат за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, за ученикот, наставникот и менторот;
- Трансакциска сметка на ученикот, наставникот и менторот;
- Доказ со кој ќе се потврди дека натпреварот е меѓународен од областа на математиката, информатиката и природните науки и на кој учествувале ученици од најмалку десет различни држави;
Изјава потпишана од директорот на училиштето за наставникот, дека тоа е наставникот кој му го предава предметот од овие области на ученикот и го подготвувал ученикот за меѓународниот натпревар;
Изјава потпишана од родител/старател на ученикот дека тоа е наставникот кој му го предава предметот од овие области на ученикот и го подготвувал ученикот за меѓународниот натпревар;
Изјава потпишана од акредитираното здружение на наставници за менторот, дека тоа е менторот кој го подготвувал ученикот за меѓународниот натпревар;
Изјава потпишана од родител/старател на ученикот дека тоа е менторот кој го подготвувал ученикот за меѓународниот натпревар;
Изјава потпишана од наставникот, дека тој е наставникот кој му го предава предметот од овие области на ученикот и го подготвувал ученикот за меѓународниот натпревар;
Изјава потпишана од менторот, дека тој е менторот кој го подготвувал ученикот за меѓународниот натпревар;
Изјава потпишана од родител/старател за согласноста за обработка на личните податоци на ученикот, 
Изјава потпишана од наставникот за согласноста за обработка на личните податоци, и
Изјава потпишана од менторот за согласноста за обработка на личните податоци.
Доколку наставникот кој го подготвувал ученикот заради неприсутво на натпреварот нема диплома, пофалница, односно сертификат за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, како доказ се сметаат изјавите од алинеите 10, 11 и 13 од оваа точка.

Пријавите може да се доставуваат секој работен ден до Министерството за образование и наука (во писарницата на Министерството за образование и наука) или преку пошта на следната адреса: Бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, со назнака „За Јавен повик за доделување на парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, на ученикот, на наставникот кој му го предава предметот од овие области, како и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот“, најдоцна до 30.08.2020 година.
3. Доделување на награди
Министерството за образование и наука ќе додели поединечно парична награда во износ од 100% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред доделувањето на наградата за освоена прва награда/златен медал, 80% за освоена втора награда/сребрен медал и 60% за освоена трета награда/бронзен меда.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат од страна на Министерството за образование и наука.
Министерството за образование и наука за меѓународни натпревари кои се спроведуваат по електронски пат на далечина не доделува парична награда, како и за меѓународните натпревари кои се однесуваат на проекти.
Исто така Министерството за образование не доделува парична награда за освоени први, втори или трети места на натпреварот за популаризација на математиката „Кенгур” бидејќи истиот не е меѓународен натпревар.
Во Повелбата на Меѓународната асоцијација „Kangourou sans Frontieres” е наведено дека се организира таканаречената „Игри без граница“, за да се промовира основната математичка култура преку организирање на годишни натпреварувачки игри по математика, чија цел е да стимулираат и мотивираат што поголем број на ученици да размислуваат во насока на завземање учество на други активности, натпревари и олимпијади по математика. 
Во истата повелба покрај останатото е наведено дека оваа игра е со цел да привлече максимален број на ученици без притоа да има каква било национална селекција на учесниците, ниту пак да се споредуваат знаењата помеѓу државите.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook