Врз основа на член 12 став 1 и 2 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 161/2019) и член 3 од Правилникот за начин и постапка за избор на наставници кои изведуваат настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство број 10-1517/1 од 09.04.2010 година, број 11-6938/1 од 16.11.2012 година и број 20-17716/1 од 19.11.2015 година, Министерството за образование и наука објавува


КОНКУРС
за избор на наставници за организирање на настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство

1.Се објавува за избор на наставници за организирање на настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство за следните држави: 


Република Германија (македонски наставен јазик)
- Еден (1) наставник во Берлин и околината (македонски наставен јазик)
- Еден (1) наставник во Франкфурт и Мајнц и околината (македонски наставен јазик),

Швајцарската Конфедерација (македонски наставен јазик)
- Еден (1) наставник во Баар, Сурзе, Лугано и околината (македонски наставен јазик),
- Еден (1) наставник во Муралто, Локарно, Минузио, Солдуно и околината (македонски наставен јазик)


Француската Република (албански наставен јазик)
- Еден (1) наставник во Париз и околината (албански наставен јазик)

1.1. Наставата ќе се изведува на следниот јазик:
Република Германија- два наставника на македонски наставен јазик,
Швајцарската Конфедерација - два наставника на македонски наставен јазик и 
Француската Република – еден наставник на албански наставен јазик.

2. Заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

- Завршено високо образование за одделенски наставник, педагог, наставник по македонски јазик или наставник по албански јазик;
- Да имаат работен стаж од најмалку пет години во основно училиште;
- Да го познава јазикот на државата за која конкурира, односно за работните места за Република Германија да го познава германскиот јазик, за Швајцарската Конфедерација потребно е познавање на италијанскиот јазик, а за Француската Република потребно е познавање на францускиот јазик;
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

Времетраењето на ангажирањето на наставникот трае четири учебни години.

Проверка на познавање на јазикот на државата за која конкурира пријавениот кандидат го врши Министерството за образование и наука.
Избраниот наставник, во рок од 15 дена од денот на склучувањето на договорот за работа, има обврска да оствари личен контакт со одговорното лице во Агенцијата за иселеништво и да остави свои контакт податоци.

3. Потребни документи:
- Молба;
- Диплома за завршено високо образование или Уверение за завршено високо образование од каде ќе може да се утврди просекот,оригинал или копија заверена на нотар;
- Кратка биографија;
- Потврда за работен стаж во основно училиште;
- Уверение за познавање на јазикот на земјата за која конкурираат, оригинал или копија заверена на нотар (за Република Германија- германски јазик, за Швајцарската Конфедерација - италијанскиот јазик и Француската Република - француски јазик);
- Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

Министерството за образование и наука, по службен пат, согласно потпишаните договори за соработка, ќе обезбеди уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

4. Дневно работно време на наставникот:
- 8 часа во зависност од организацијата на воспитно- образовната работа на наставникот,

4.1. Неделно работно време на наставникот:
- најмалку 5 (пет) дена во неделата.

4.2. Основен надоместок за работа во странство на наставникот изнесува:

• Република Германија- 1.740 ЕУР,
• Швајцарската Конфедерација – 2.486 ЦХФ,
• Француската Република - 1.900 ЕУР.
Документите се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот во архивата на Министерството за образование и наука, ул.„Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „Конкурс за наставник во странство“.

Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.

5. Изборот на кандидатите го врши Комисијата формирана со решение на Министерот за образование и наука во рок од 30 дена од денот на завршувањето на Конкурсот.

Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да бидат разгледувани.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook