Врз основа на член 13 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на РМ„ бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува


ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС
за доставување барања за одобрување учебници по странски јазици
во основно образование

Предмет на јавниот повик:

Доставување барање за одобрување на учебници по странски јазици на деветгодишно основно образование за следните наставни предмети:

1. Англиски јазик (прв странски јазик) за II одделение на деветгодишно основно образование,
2. Англиски јазик (прв странски јазик) за III одделение на деветгодишно основно образование,
3. Англиски јазик (прв странски јазик) за IV одделение на деветгодишно основно образование,
4. Англиски јазик (прв странски јазик) за V одделение на деветгодишно основно образование,
5. Англиски јазик (прв странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,
6. Англиски јазик (прв странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,
7. Англиски јазик (прв странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,
8. Англиски јазик (прв странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование,
9. Француски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,
10. Француски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,
11. Француски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,
12. Француски јазик (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование,
13. Руски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,
14. Руски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,
15. Руски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,
16. Руски јазик (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование,
17. Германски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,
18. Германски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,
19. Германски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,
20. Германски јазик (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование.


Барање за одобрување учебник по странски јазици може да побара:домашен издавач, како и издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапници во Република Северна Македонија.

Кон барањето заинтересираните домашни издавачи, односно издавачи од друга држава во која се регистрирани за издавачка дејност преку законски застапници во Република Северна Македонија задолжително доставуваат:

- Доказ за регистрирана издавачка дејност во Република Северна Македонија за домашниот издавач односно за законскиот застапник на странскиот издавач, не постар од 3 (три) месеци од денот на издавањето;

- Доказ за регистрирана издавачка дејност за странскиот издавач од државата во која е регистриран, не постар од 3 (три) месеци од денот на издавањето во оригинал или заверена копија од овластен орган, преведена од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија;

- Овластување издадено од странскиот издавач за законскиот застапник во Република Северна Македонија, не постаро од 3 (три) месеци од денот на издавањето во оригинал или заверена копија од овластен орган, преведена од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија;

- Договор склучен помеѓу странскиот издавач и законскиот застапник во Република Северна Македонија или Изјава од домашниот издавач односно законски застапник во Република Северна Македонија дека одобрениот учебник ќе го дистрибуира во наредните 5 (пет) учебни години, во оригинал или заверена копија од овластен орган, преведена од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија;

Учебник/ците по странски/те јазици се доставува/ат во 5 (пет) примероци во печатена форма (во колор), посебно за секое одделение.

Рокот за доставување на учебници по странски јазици е заклучно со 10.04.2020 година.

Заинтересираните издавачи може да ги превземат наставните програми и Концепцијата за изработка на учебникот од веб страната на Бирото за развој на образованието www.bro.gov.mk

Ненавременото доставено барање и/или некомплетно доставената документација нема да се земат во предвид.
Барањето за одобрување на учебници по странски јазици да се достави на следната адреса


МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА 
ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје

 

                                                         

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook