Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), како и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука бр. 04-2497/1 од 23.02.2018 година, бр. 04-2694/1 од 28.02.2018 година, бр. 04-2694/3 од 26.03.2018 година, бр. 04-5011/1 од 18.04.2018 година, бр. 04-5904/1 од 08.05.2018 година, бр. 04-6214/1 од 16.05.2018 година, бр.04-7301/1 од 13.06.2018 година, бр. 04-8833/1 од 20.07.2018 година, бр. 04-9864/1 од 20.08.2018 година, бр. 04-10875/1 од 12.09.2018 година, бр.04-14192/1 од 28.11.2018 година, бр.04-14557/1 од 05.12.2018 година, 04-15647/1 од 27.12.2018 година, бр.04-437/1 од 14.01.2019 година, бр. 04-1610/1 од 04.02.2019 година, бр. 04-5892/1 од 22.05.2019 година, бр. 04-7473/1 од 02.07.2019 година, бр. 04-8611/1 од 01.08.2019 година, бр. 04-10622/1 од 17.09.2019 година, бр. 04-13469/1 од 19.11.2019 година, бр. 04-13795/1 од 25.11.2019 година и бр. 04-15375/1 од 25.12.2019 година, Министерството за образование и наука објавува:


ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2019
за унапредување на административни службеници
во Министерството за образование и наука

 

Министерството за образование и наука објавува Интерен оглас за унапредување на 5 (пет) административни службеници за следните работни места:


1. УПР0101В01000, Советник за стипендии и прашања од студентскиот стандард, во Одделение за студентски стандард во Сектор за ученички и студентски стандард - 1 извршител

Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, правни науки или економски науки
- најмалку три години работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Распоред на работното време:
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 26.253,00 денари.

2. УПР0101В01000, Советник за поддршка на јавните набавки, во одделение за координација на јавни набавки во сектор за организациони работи на Министерството - 1 извршител

Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен економски науки, образование или правни науки
- најмалку три години работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Распоред на работното време:
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 26.253,00 денари.

3. УПР0101В01000, Советник за управување со човечки ресурси, во одделение за управување со човечки ресурси - 1 извршител

Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен правни науки, образование или наука за јазикот (лингвистика)
- најмалку три години работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Распоред на работното време:
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 26.253,00 денари.


4. УПР0101В04000, Помлад соработник за планирање и финансирање на дејноста во науката, во одделение за развој на научно истражувачките кадри, поддршка на науката и иновации во сектор за наука и иноваци - 1 извршител

Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен психологија, образование или правни науки
- со или без работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Распоред на работното време:
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 22.020,00 денари.

5. УПР0101Г01000, Самостоен референт за прашања од студентски стандард, во одделение за студентски стандард во сектор за ученички и студентски стандард - 1 извршител

Посебни услови:
- ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование -гимназија или средно стручно образование-биротехничар или економски техничар, или медицински техничар
- најмалку три години работно искуство во струката

Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Распоред на работното време:
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 16.464,00 денари.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните

Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здрваствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за образование и наука, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за образование и наука до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
- потвдри за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Министерството за образование и наука.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

 

ИСПРАВКА:

„Во Интерниот оглас за унапредување на административни службеници во Министерството за образование и наука бр.02/2019 , направена е техничка грешка кај работно место под реден број 4, па наместо „УПР0101В04000, „Помлад соработник за планирање и финансирање на дејноста во науката “ треба да биде „УПР0101В04000, Помлад соработник за поддршка на науката и иновациите“.

Рокот од 5 дена за аплицирање на интерниот оглас тече од денот на објава на исправката.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook