Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на РМ„  бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС

за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници во основно образование

Авторски тимови ќе се формираат за следните наставни предмети:

  1. Босански јазик за I одделение на деветгодишно основно образование,
  2. Граѓанско образование за VIII одделение на деветгодишното основно образование,
  3. Граѓанско образование за IХ одделение на деветгодишното основно образование,
  1. Информатика за VI одделениена деветгодишно основно образование,

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 05.06.2019 година. (пријавата може да се преземе од веб – страната на МОН – www.mon.gov.mk).

Кон пријавата авторите од авторскиот тим задолжително треба да достават:

-         уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Македонија),

-         изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

Министерството за образование и наука известува дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.

           14.05.2019_Prijava_za_A.tim.doc