Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за учество во Фулбрајт студентската програма, наменет за пост - докторски студии во Соединетите Американски Држави, за академската 2020 – 2021 година.


Сите подетални информации во врска со процесот на пријавување и фазите на селекција во оваа заедничка студентска програма на владите на САД и Република Северна Македонија, се достапни на следниот линк - https://mk.usembassy.gov/fulbright-program-competition-for-the-2020-2021-academic-year-is-now-open/


Формуларот за аплицирање може да се преземе од следниот линк:
https://iie.embark.com/apply/visitingscholars или https://foreign.fulbrightonline.org/.


Крајниот рок за пријавување е 1 ноември 2019 година.