Министерството за образование и наука информира дека во тек е повик за апликации за стипендии за студирање на високообразовните институции во Чешка, објавен согласно член 7 и член 8 од Спогодбата меѓу Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Министерството за образование, млади и спорт на Република Чешка за соработка на полето на образованието, за студиски престој на македонски универзитетски студенти, студенти на докторски науки, универзитетски наставници, истражувачи и уметници на чешките јавни универзитети.


Апликација и деталните информации и услови за стипендиите кои се однесуваат за академската 2019/2020 година и се во траење од 2 до 10 месеци, можат да се обезбедат на веб страната: http://195.113.76.20/eu-and-international-affairs/scholarships-for-the-academic-year-2019-2020 .

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина, сместување и исхрана.
Патните трошоци за повратен автобуски билет ги покрива Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Апликациите и потребните документи треба да бидат доставени по пошта или директно до архивата на: Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија., ул. Св. Кирил и Методиј бр.54 1000 Скопје, најдоцна до 24.3.2019.

Лице за контакт: Гоце Видановски (02) 3140 185 и 076 485 061.