Меѓународниот фонд на Вишеград за академската 2019/2020 година нуди стипендии за редовни, магистерски, докторски и пост – докторски студии во сите научни дисциплини, наменети за државјани на Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија, Украина, вклучувајќи ја и Република Македонија, за студирање на високо образовни институции во земјите на Вишеград (Чешка, Словачка, Унгарија и Полска).

Стипендијата за студентите изнесува 2.300 eвра по семестар и 1.500 eвра по семестар за институцијата домаќин.
Сите потребни информации за начинот, условите и формуларот за аплицирање може да се најдат на следнава интернет страна:
https://www.visegradfund.org/apply/mobilities/visegrad-scholarship/
Крајниот рок за аплицирање е 15 март 2019 година.