МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Педагошка служба

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование (Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува:

ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници

1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:

- Граѓанско образование за VIII одделениево деветгодишно основно образование,

- Граѓанско образование за IХодделениево деветгодишно основно образование,

3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

- да бидат наставници од основно односно средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

-    уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Македонија),
-    изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
- преглед на регистирани податоци  во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија

Пријавата може да се преземе од www.mon.gov.mk или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 06.05.2019 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

Пријава_рецензент.docx